КРЕШНИК БЕКТЕШИ: Изјавата на Зекирија Ибраими е несериозна, ДУИ им нуди на граѓаните програма, а не дека наши функционери ќе станат директори
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2021
Министерот за економија и член на ДУИ Крешник Бектеши денеска рече дека изјавата на Зекирија Ибраими од Алтернатива, кој кажа дека нема да ја поддржат Беса, и дека ако во Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се договори со Алтернатива директор на ЈП „Комунална хигиена“ да биде нивни член, рече дека станува збор за несериозна изјава.
„ДУИ пред изборите на 17 октомври пред граѓаните излезе со програма, односно ние на граѓаните не им нудиме директорски места, туку програма, односно не дали некој функционер на ДУИ ќе биде директор на некое јавно претпријатие. Станува збор за несериозна изјкава на Зекирија на Ибраими, што всушност веќе го препознаваат граѓаните. Осдносно, за советничките листи во Скопје ДУИ освои 26 гласа, наспроти 11.000 колку што освоија тие, така што разликата е три спрема едерн“, рече Бектеши.
Финансиите се поголеми за 75 милиони денари споредено со 2019. Град Скопје исплатил поддршка од 68 милиони денари, а Владата 21 милион денари кон ова претпријатие минатата година. Поголемиот дел од финансиите, околу 11 милиони евра, се од сметките кои домаќинствата му ги плаќаат на ЈП Водовод и канализација, но околу 7,2 милиони евра се наплатени од стопанството за подигањето смет. На претпријатието со приходи од Град Скопје му биле дадени и специјални комунални возила од 500.000 евра. Добивката пред оданочување на крај била 75 милиони денари, или останале непотрошени 1,25 милиони евра.