24 Октомври, 2020
0.0200

КРИК НА ШТЕДАЧИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД: Ние сме опљачкани од системот за кој се тврдеше дека е сигурен, некој треба да одговара, а за нас да се донесе закон за обештетување

Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2020

Оштетените штедачи од Еуростандард банка кои имаат заробени во банката над 30 илјади евра и нема да може да си ги повратат, туку ќе ги побаруваат од стечајната маса, денеска излегоа со емотивна реакција до медиумите.

„Грабеж! Многу семејства доживеаја шок во попладневните часови на 12 август
оваа година. Слушнаа или прочитаа дека својот личен капитал доверен во банка
го немаат повеќе. Еуростандард Банка отиде во стечај. Како се случи сето тоа и
што е позадината за овој скандал?
После првите денови поминати во неверување и барање на одговор што
понатаму, се случија повеќе интервјуа со меѓусебни обвинувања од двата табори
директно инволвирани, виновни и одговорни за тоа што се случи. Од едниот
табор, јавно се прозваа сопствениците на банката кои ги наклеветија сите
останати, а пред и се Управниот одбор на сега веќе пропадната банка, дека се
виновни за затворање на истата наведувајќи и примери за сторен криминал –
давање на милионски суми во евра на кредити без соодветни хипотеки,
сомнителни трансакции и криминални шеми правени во банката повеќе минати
години. Не заборавија да ја обвинат Народната Банка и гувернерката за
смислено сценарио за пропаѓањето на банката со низа обвинувања за
несоработка и намерно носење на банката во стечај.
Веднаш се огласи и другиот табор од Народната Банка, со оправдување за
донесеното решение за стечај, фрлајќи ја вината и одговорноста на
сопствениците за затворањето на банката, коешто само по себе е кривично дело
според Законот за банки. И тогаш и сега, Народната Банка е се повеќе присутна
во јавноста со јавни изјави за стабилен и сигурен банкарски систем.
Додека двата табори виновни и одговорни за пропаста на банката ја префрлаат
вината едни на други и за криминалот што е направен, опљачкани се парите на
оние што ги доверија на чување или работење со банката, како физички лица
така и фирми“, пишуваат штедачите.
Натаму, додаваат дека клопчето почнало да се одмотува со голема брзина. 

„Оние што добиле инсајдерска информација за намерата на Народна Банка да прогласи стечај во Еуростандард Банка меѓу кои е и претходната министерка за финансии како функционер на високо одговорна позиција во државата, ги извлекле своите пари пред
затворањето на шалтерите на банката. Останатите депоненти во банката останаа
во неверување дека се измамени, излажани и доведени во заблуда од честите
изјави на Народната Банка на чело со гувернерката дека банкарскиот систем е
стабилен и дека депозитите во банките се сигурни. Зошто вакви лажни изјави
давани свесно пред пропаѓањето на Еуростандард Банка? Дали е тоа одговорно
однесување на една високо поставена државна институција и првиот човек во
неа во една демократска и правна држава за каква што тврдиме дека сме?
Вистината е дека сопстениците на банката како и останатите луѓе на одговорни
позиции во истата вршеле злоупотреба на службената должност и за кои има
индиции за сторен криминал јавно искажан и од главниот сопственик и
долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на банката. Криминалот е тежок околу 60 милиони евра давани во сега веќе ненаплатливи или тешко
наплатливи кредити, во најголем дел на фирми кои или се веќе затворени или во
стечај, а парите украдени и ставени во нечии џебови. Како е можно да
одбраните фирми на кои им се делени непокриени кредити бидат повеќе од 70 отсто од кредитното портфолио за фирми во банката или околу 55 милиони евра
проневерени и украдени пари? Зошто Народната Банка не го спречила овој
криминал? Што правела Народната Банка од 2012 до 2019 година додека се
случувал криминалот во Еуростандард Банка? Дали на овој начин работат и
други банки во земјава без контрола и санкционирање од страна на оваа
државна институција која е законски обврзана, надлежна и должна да постапува,
да спречи вакви криминални појави со коишто им се наштетува на оние кои ги
довериле своите лични парични средства бидејќи верувале во стабилноста и
сигурноста на системот којшто оваа институција континуирано го промовира
како таков?“, прашуваат штедачите и додаваат дека бидејќи Народната Банка морала а не го спречила овој криминал, истата директно придонела и соучествувала овие семејства, било преку физички или правни лица депоненти на Еуростандард Банка, да бидат ограбени, да им се земе се она за што работеле со години, се труделе и жртвувале, плаќале даноци, штеделе за сигурност и денови во пензија, правеле планови за купување на дом или за потреба од лекување и притоа целосно го вложиле својот живот и здравје.

„Зошто оваа државна институција не реагирала навремено, на почетокот кога е
почнат криминалот пред повеќе години да тоа го спречи и санкционира тогаш
кога требало преку своите наводно строги и континуирани надзорни механизми
и контролни активности?“, прашуваат штедачите.

Оштетените депоненти, велат, оние кои останаа необештетени во целост како физички
лица и целосно необештетените фирми, се оставени на немилост на банкарскиот
систем и државата да се снаоѓаат како знаат и умеат. 

„Опљачкани од системот за којшто и ден денес се тврди дека е стабилен и сигурен, за да повторно бидат спокојни штедачите и во другите банки за кои таа иста Народна Банка е должна да ги заштити.
А борбата на оние коишто се ограбени тукушто започна. Ни криви ни должни се
исправени пред неправдата, со нарушени здравје и мир, во агонија и со
непреспиени ноќи. Немаат што повеќе да загубат бидејќи пропадната банка и
државната институција којашто го дозволила направениот криминал во банката
им одземаа се што имаа.
На потег се народните избраници – пратеници во Собранието како законодавен
дом да го изгласаат предлог законот за целосно парично обештетување на
физичките и правни лица депоненти на Еуростандард Банка, а потоа државата да
наплати од стечајната маса. Здружението на оштетените штедачи на
Еуростандард Банка поднесе иницијатива за носење на закон и барање до
политичките партии во Собранието да го изгласаат истиот во најскоро можно
време. На тој начин пратениците ќе покажат дека се грижат за своите сограѓани
и фирми кои ги плаќаат да ги заштитат од злоупотреби и неправди и дека
работат во нивни интерес односно да го заштитат обичниот народ од грабежот
на големите капиталисти“, пошуваат штедачите до народните избраници. 
„А сите оние за кои во наредниот период ќе се докаже од истражните органи дека
се виновни и одговорни за пропаѓањето на банката било да биле на одговорни
позиции во Еуростандард Банка или надвор од неа, треба да одговараат пред
лицето на правдата не само кривично туку и материјално преку замрзнување на
нивниот личен имот и имотот на нивните семејства за покривање на криминалот
што го направиле во пропадната Еуростандард Банка. Не бараме милостина, ги бараме нашите пари. Нема правда нема мир!“, го завршуваат штедачите своето емотивно обраќање до јавноста. 

Можеби ќе ве интересира

Светска банка: Продолжената пандемија и рестриктивните мерки ќе го одложат економското закрепнување

Светска банка: Продолжената пандемија и рестриктивните мерки ќе го одложат економското закрепнување

ММФ ПОРАЧАЛ: Народна банка постапила правилно со одземањето на дозволата на Еуростандард, да не се политизира нејзината работа

ММФ ПОРАЧАЛ: Народна банка постапила правилно со одземањето на дозволата на Еуростандард, да не се политизира нејзината работа

ПРАТЕНИЦИ И ЕКСПЕРТИ - ќе има ли жешко собраниско чешлање на Еуростандард

ПРАТЕНИЦИ И ЕКСПЕРТИ - ќе има ли жешко собраниско чешлање на Еуростандард

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА КОСТОВСКИ: Големи пари од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион и во фирма која требало одамна да биде банкрот

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА КОСТОВСКИ: Големи пари од Еуростандард се одлевале во струмичкиот регион и во фирма која требало одамна да биде банкрот

КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА СТИГНАЛА ПРЕД ОСУМ ДЕНА - како ќе се одмотува клопчето Еуростандард банка

КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА СТИГНАЛА ПРЕД ОСУМ ДЕНА - како ќе се одмотува клопчето Еуростандард банка

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка

НЕМА ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ - Заев отворено им кажал на штредачите од Еуростандард

НЕМА ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ОБЕШТЕТУВАЊЕ - Заев отворено им кажал на штредачите од Еуростандард

Народна банка: Основната камата нема да се намалува, бидејќи има ризици

Народна банка: Основната камата нема да се намалува, бидејќи има ризици