КРИМИНАЛНИТЕ ГРУПИ ЌЕ БИДАТ ФАТЕНИ: Курти порача дека ќе се борат против шверцот
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2021
Премиерот на Косаово, Албин Курти, изјави дека денешната акција на косовската полиција била насочена против криумчарите во Приштина, Пеќ и во северниот и јужниот дел на Косовска Митровица.
Тој на својот Фејсбук напиша дека косовската полиција утрово започна акција за пребарување на неколку локации во Пеќ, Приштина и Митровица, како и дека е производ на координирана акција на полицијата и Обвинителството, пренесува Коха.
„Запленети се стоки што претставуваат докази. Криминалците и криминалните групи нема да се толерираат и ќе бидат фатени. Ќе се бориме против шверцот“, напиша Курти.
Тој ги повика граѓаните од северниот дел на Косовска Митровица да останат смирени и, како што рече, да не станат жртви на пишувањето на медиумите во Србија.
ФОТО: Фејсбук