28 Март, 2024
0.0250

Криминалот им цвета на крадците на велосипеди, дреме ли полицијата во главниот град

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Една статистика вели дека се украдени над 70 000 велосипеди, а на скоро секој велосипедист во последните десет години му е украден најмалку еден велосипед, додека секој 1000ти украден велосипед е пронајден од полицијата.

Масовни кражби на велосипеди низ главниот град. Криминалот цвета а надлежните барем засега не даваат некој резултат во пронаоѓање на крадците.

На социјалните мрежи граѓаните постојано објавуваат за украдени велосипеди.

Се краде од подруми, дворови, заклучени простории, ходници па и без срам од центарот на градот. Граѓаните се жалат, а во главниот град денеска никна и гигантски велосипед како потсетник за полицијата да биде поажурна.

ФОТО ФЕЈСБУК ГРУПА УКРАДЕНИ ТОЧАЦИ

„Поздрав до сите!

На 07.06.2019 украден е точаков во Карпош 3. Се работи за FELT QX-80 “

-Здраво. Вчера на адреса Петар Делјан 7 во Кисела вода ми е украден „Cube Atention“ - се дел од последните објави во групата на Фејсбук „Украдени точаци“.

-Украден денес од ходник на 6ти, кај зоолошка. Доколку некој го препознае ве молам да ме контактира-пак гласи друг пост.

Зошто полицијата не реагира?

Се краде од пред врата со заклучен влез на високакатница па до заклучена гаража.

Крадците најчесто не се пребирливи за марката на точакот, односно дали тој вреди илјадници евра или пак многу помалку.

Многу од граѓаните коментираат дека голем дел од велосипедите што се наоѓаат на познатиот Канта пазар се крадени, потоа префарбани и се продаваат, па ни самиот сопственик на точакот може да се случи да не си го препознае својот.

Статистиката на МВР која е разочарувачка во поглед на решени случаи, за девет месеци во 2018та бележи 642 кривични дела „кражба“ на велосипеди. Но, таа бројка, се претпоставува, сигурно е поголема бидејќи многумина и не се осудуваат да пријават кражба.

-Од јануари до септември 2018 година регистрирани се вкупно 642 кривични дела “кражба“ на велосипеди. Дел од овие кривични дела се расчистени, а за дел се превземаат мерки за нивно целосно расчистување-велат од Министерството за внатрешни работи кога Фактор последен пат доби информации од таа институција.

Она што паѓа во очи е дека се крадат пред се поскапи велосипеди и поспецифични на изглед. Одамна граѓаните се откажале од надлежните, па се снаоѓаат и си помагаат сами преку социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија