29 Март, 2024
0.0253

КРИПТО ФИРМИТЕ ПАЃААТ КАКО ДОМИНО - колапсот на FTX го зарази целиот пазар, банкротираше и BlockFi

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите светски крипто-заемодавци BlockFi поднесе барање за стечај заедно со 8 други нејзини филијали, објави компанијата во понеделникот. BlockFi е најновата во низата жртви на спектакуларниот колапс на берзата FTX претходно овој месец.

Поднесувањето на судот во Њу Џерси доаѓа во време кога цените на криптовалутите паѓаат. Биткоинот е намален за повеќе од 70 проценти од својот врв во 2021 година.

BlockFi со седиште во Њу Џерси рече дека FTX е нејзиниот втор најголем доверител, со 275 милиони долари долг на заемот даден претходно оваа година. Беше кажано и дека компанијата им должи пари на стотици илјади клиенти. Според договорот потпишан со FTX во јули, BlockFi требаше да добие револвинг кредит од 400 милиони, додека FTX доби опција да го купи до 240 милиони долари.

Најголемите конкуренти на BlockFi, Celsius Network и Voyager Digital, поднесоа барање за стечај во јули, наведувајќи ги екстремните пазарни услови што доведоа до загуби на двете компании.

Крипто-заемодавците, де факто банките во светот на крипто, пораснаа за време на пандемијата, привлекувајќи ги клиентите со двоцифрени стапки во замена за нивните крипто депозити.

Извор: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка