14 Јуни, 2021
0.0202

Кристина Камчева влегува во Надзорен одбор на Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 17 Мај, 2021

Кристина Камчева Стојчевска, сестра на Јордан Камчев е номинирана за нов член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола.

Таа моментно е советник за бизнис развој и анализа во Орка холдинг функција која ја извршува од 2019 година. Таа е и член на Одборот на директори на компанијата. 

Во професионалната биографија доминира искуството во фирмите кои се поврзани со бизнисменот Камчев, но не и во Стопанска банка Битола

Други членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола се Миле Зечевиќ кој е претседател, Александар Радевска, Стевчо Јолакоски, Гордана Темелковска Костовска, Иванчо Велјановски, Игор Камбовски.

Камчева треба да биде избрана за член на НО за седница на Акционерското собрание кое е закажано за 26 мај годинава.

 

Можеби ќе ве интересира

ПРОМЕНИ ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА КИБС - професорот Марјан Бојаџиев е нов член

ПРОМЕНИ ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА КИБС - професорот Марјан Бојаџиев е нов член

Владимир Мишо Чеплак е нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот, Кајтазовиќ си заминува на нејзино барање

Владимир Мишо Чеплак е нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот, Кајтазовиќ си заминува на нејзино барање

Биткоин продолжи да паѓа: Маск пак ги шокираше крипто трговците

Биткоин продолжи да паѓа: Маск пак ги шокираше крипто трговците