20 Април, 2024
0.7768

Кристина Томовска, директор на Секторот за население на Силк Роуд Банка

Кристина Томовска: Целиме да прераснеме во лидер на пазарот во воведувањето нови, иновативни банкарски производи во Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

-Како одговор на очекувањата на граѓаните, особено на помладата популација и оние штотуку влезени во брак граѓани, Силк Роуд Банка неодамна на пазарот лансираше станбен кредит со најниска каматна стапка и дополнителни поволности и олеснувања за корисниците, односно олеснителни можности за млади и платежно способни фамилии при аплицирањето за кредитот. Како единствена банка со 100% швајцарски капитал во земјава, Силк Роуд Банка на пазарот е препознатлива по брзата и квалитетна услуга, како и според високото ниво на безбедност на трансакциите која е гарантирана согласно швајцарските банкарски стандарди кои целиме да ги достигнеме. Банката е ексклузивен издавач на светски познатите American Express картички кои претставуваат синоним во целиот свет за услуга со највисок квалитет, вели меѓудругото директорот на Секторот за население на Силк Роуд Банка, Кристина Томовска, во екслузивното интервју за Фактор.

ФАКТОР: Впечаток е дека сите банки се особено активни во делот на понудата на кредитирање на граѓаните. Во овој сегмент актуелен е и вашиот нов станбен кредит.  По што тој се разликува од понудите на останатите банки во земјата во сегментот на станбеното кредитирање?

Томовска - Понудата на кредити за граѓаните од страна на банките ја следи побарувачката за ваков вид производи која веќе подолг временски период континуирано расте, особено во сегментот на станбените кредити. Ваквиот раст на побарувачката е проследен со континуирано олеснување на кредитните услови, што секако е поволно за корисниците. Следејќи ги ваквите пазарни трендови и постојано анализирајќи ги информациите што ги добиваме од нашите постојни и потенцијално нови клиенти, како и нивните потреби и барања, одлучивме на граѓаните да им понудиме станбен кредит кој според сите параметри е кредитен производ со најдобри услови на пазарот.

Една од најзначајните поволности што ги нуди новиот станбен кредит на Силк Роуд Банка се најниските фиксни каматни стапки во земјава од само 2,7% за првите три години, односно 4,7% за четвртта и петтата година од отплатата на кредитот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за добивање на кредит ќе можат да го сторат тоа без никакви трошоци за аплицирање,  администрирање или рефинансирање на кредит од друга банка и без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот. Исто така, една од главните придобивки на нашиот станбен кредит е секако можноста за добивање првично одобрување за само еден ден од поднесувањето на апликацијата. За дополнително да им го олесниме процесот на купување нов дом на граѓаните, склучивме договори со најголемите градежни компании во земјата, вклучувајќи ја и државната компанија за стопанисување со станбен и деловен простор, со што на нашите клиенти им овозможивме, со минимално сопствено учество од 10 до 15% од вредноста на кредитот и само со лист за предбележување на станот, да дојдат до нов стан или деловен простор. И, да напоменам дека поединечните станбени кредити што ги нуди нашата банка се до износ од 150.000 евра, со долг рок на отплата кој може да достигне и до 360 месеци и грејс-период од една година, што секако е уште една поволност за клиентите.

Со сите овие екстра поволни кредитни услови што ги нудиме, лично сметам дека сега е шансата сите, посебно помладите граѓани кои размислувале да си го решат своето станбено прашање преку купување нов стан или куќа, изградба на нов дом или, преку реновирање на постојниот, како и за вложување во комерцијален и деловен простор, да го сторат тоа СЕГА, искористувајќи ги поволностите што ги нуди нашиот нов кредитен производ. Верувам дека со новиот станбен кредит на Силк Роуд Банка граѓаните се поблиску до остварување на својот сон.

ФАКТОР: Според сознанијата и анализите што ги правите, кои се најзначајните фактори кои влијаат на одлуката на корисниците при изборот на станбен кредит? Колку според вас банките се подготвени да ги олеснат условите за ваков вид банкарски производи за да можат тие да бидат поатрактивни за корисниците?

Томовска - Податоците за пазарните движења покажуваат дека портфолиото на станбени кредити на домашниот банкарски пазар е со највисоки годишни стапки на раст во однос на другите кредитни продукти наменети за граѓаните. Ова е забележително не само во нашата држава, туку и во светски рамки. Конкретно, заклучно со март 2018, портфолиото на станбени кредити е зголемено за 15% на годишно ниво. Ваквите показатели јасно упатуваат на заклучокот дека атрактивноста на станбените кредити е веќе на високо ниво. Тоа се должи на неколку фактори, од кои секако еден е и самата понуда на станови која во последните неколку години континуирано се зголемува. Особено значаен фактор за атрактивноста на станбените кредити се кредитните услови што ги даваат банките. Според анкетите што ги правиме, еден од најважните сегменти од кредитните услови за граѓаните секако е висината на каматната стапка. Едноставно, граѓаните очекуваат станбени кредити со ниска каматна стапка. Токму водени од желбата да им излеземе во пресрет на ваквите очекувања нашата банка го креираше новиот станбен кредит со најниска фиксна каматна стапка на пазарот, од само 2,7% за првите три години од отплатата на кредитот, а понудивме и дополнителни придобивки и олеснувања за клиентите, соодветни на нивните очекувања во поглед на ниски трошоци, долг рок и грејс-период за отплата на кредитот и слично.

Понатаму, клиентите очекуваат брза и квалитетна услуга од банките, како и флексибилни и едноставни понуди, што се значајни одредници и одлики на Силк Роуд Банка. Сето ова придонесува за одржување на високото ниво на доверба на клиентите во квалитетот на производите и услугите што ги нуди банката, што е една од нашите клучни развојни цели која успешно ја остваруваме.

ФАКТОР: Банкарскиот е еден од оние економски сектори во земјава каде навистина постои голема конкуренција. Според вас, што е она што најмногу ја издвојува Силк Роуд Банка во однос на останатите банки присутни на македонскиот пазар?

Томовска - Силк Роуд Банка, како единствена банка во Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал,  е препознатлива на пазарот по брзата и квалитетна услуга што ја добиваат сите наши клиенти, како и според високото ниво на лојалност, доверба и сигурност, загарантирани  согласно швајцарските банкарски стандарди кои ги применуваме.

Нашата Банка е ексклузивен застапник во земјата на American Express картичките, кои претставуваат статус, престиж и услуга со највисок квалитет. Дополнително, преку програмата „Твој бонус“ нашата банка нуди можност за поврат на средства при секое користење на American Express картичките, што секако е дополнителна вредност за корисниците. Истовремено, имаме развиено и систем на најсофистицирано електронско и мобилно банкарство кое нуди можност за СМС услуга при секоја направена трансакција со дебитните картички, како и можност за исплата на пензиите на секој прв ден во месецот, што е поволност за нашите клиенти - пензионери.

Во делот на корпоративното банкарство се издвојуваме на пазарот со екслузивната можност што им ја нудиме на малите и средни претпријатија за олеснет пристап до финансии преку „InnovFin“ гарантната шема што е резултат на договорот за соработка што Силк Роуд Банка го има со Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ). Нашите постигнувања во последните две години беа препознаени од страна на ЕИФ и ние сме втора домашна банка со странски капитал која склучила ваков договор.

Ова е само дел од она што квалитетно нѐ издвојува во однос на останатите банки во Македонија. Секако, на пазарот сме препознатливи и по нашите нови, иновативни и конкурентни услуги и производи, како и грижата што ја демонстрираме кон потребите на нашите клиенти, излегувајќи во пресрет на нивните барања со цел остварување на долгорочни партнерски односи со клиентите.

ФАКТОР: Какви новини и трендови можеме да очекуваме на домашниот банкарски пазар во блиска иднина, особено во поглед на понудата, како за граѓаните, така и за компаниите?

Томовска - Резултатите од најновата анкета на кредитната активност што редовно ја спроведува и објавува Народна банка на Македонија јасно ги детектираат состојбите и трендовите кои ќе доминираат на домашниот банкарски пазар во наредниот период. Еден од заклучоците во оваа анкета е дека оваа година се очекува да продолжи растот на вкупната побарувачка на кредити, како во корпоративниот сектор, така и од страна на домаќинствата, односно граѓаните. Притоа, очекувањата се дека деловните банки и натаму ќе ги олеснуваат кредитните услови и тоа за сите видови кредитни производи.

Како банка со амбиција да прерасне во лидер на пазарот во воведувањето на нови иновативни производи, како за граѓаните, така и за бизнис секторот, ги следиме ваквите трендови и во согласност со нив ја креираме нашата деловна политика и развојните планови кои се темелат на определбата да овозможиме полесен пристап до кредити за корисниците со најдобри услови и најконкурентни каматни стапки на пазарот. За да ја доближиме и објасниме оваа наша определба и стратегија до корисниците ги следиме и современите трендови во маркетинг комуникациите, насочувајќи ги нашите ресурси сѐ повеќе кон дигиталниот маркетинг и комуникацијата преку социјалните мрежи  каде активно се презентираат нашите нови производи и услуги.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција