KOJ МУ ЗАБЕЛЕЖУВА: Критики во Грција за изјавата на Ципрас
Објавено во: Балкан 24 Март, 2018
Според Нова демократија грчкиот премиер, Алексис Ципрас потврдил колку „неодговорно и површно управува со националните прашања“.
Ова се однесува на одговорот на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, дека посакува следниот пат да се претстави како новинарка од Горна Македонија.
Грчката опозициска партија, преку соопштение реагираше и побара од Алексис Ципрас да стане сериозен и да ги разбере неговите национални одговорности.
„Со несериозниот одговор до скопската новинарка, посакувајќи следниот пат кога ќе се сретнат да ја претставува Горна Македонија, Ципрас за жал потврдува колку неодговорно и површно лично тој и Владата ги водат нашите национални прашања“- пишува во соопштението од грчката опозициска партија.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, од Нова демократија повторуваат дека за разговори за името, потребна е претходна промена на Уставот и отстранување на секаков вид иредентизам.
Вчера медиумите пренесоа дека Ципрас ова го кажал на шега.