„Постапувајќи по жалба на одбраната и обвинетиот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција за С.Ј. ја одби жалбата, ја потврди мерката куќен притвор и дополнително му определи мерки и тоа забрана за комуникација со лица опфатени со кривично-правниот настан и забрана за употреба на средства за комуникација без дозвола на судот”, потврдија за МИА од Кривичниот суд.
Кривичен суд ја потврди одлуката за Стевчо Јакимовски
Објавено во: Македонија 23 Март, 2019
Кривичен суд ја потврди одлуката дека е продолжен куќниот притвор за Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на Карпош, и истовремено му се забранува комуникација со останатите обвинети од случајот со отуѓувањето на земјиште кое не било наменето за градење кај поранешниот ресторан „Имес“ по мошне повони цени
На нему му е цлосно забрането да комуницира со останаатите обвинети од целиот настан, меѓу кои со соработниците В.С. и Т. Ѓ, чии решенија се потврдени во целост, како и со сопствениците на трите фирми кои го купиле земјиштето.