Кривичен суд: Кочан прво нека плати, па после преиспитување
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019
Од Кривичен суд за Телма денеска соопштиле дека од бизнисменот Сеад Кочан прво треба, според процедурите, да биде наплатена паричната казна па дури потоа ќе може да се испрати до Врховен суд барањето да се преиспита неговата извршна казна затвор од четири години осум месеци која, според решението, треба да се јави во затвор на отслужување од 17 јули.
Кривичен суд не го испратиле предметот во Врховен затоа што се уште не биле наплатени парите од казната во случајот „Труст“ за добиениот тендер за ископ за потребите на РЕК Битола со лажни документи. Дополнително сопственикот на Трансмет бара и да се одложи спроведувањето на одлуката, а ова барање треба да се препрати до Врховен.суд преку Основен.
-Судот согласно одредбите од ЗКП најпрво мора да постапи во редовна постапка во сите фази на постапувањето пред да се проследи до надлежниот суд кој одлучува по вонреден правен лек. Предметот е во фаза на извршување на санкциите изречени со правосилната пресуда на Апелациониот суд Скопје, а која сеуште не е извршна во делот на паричната казна спрема обвинетото правно лице – Трансмет, што е дел од редовното постапување кое како што наведовме погоре има предност пред вонредното постапување, гласи одговорот од Кривичен.