24 Април, 2024
0.0354

Кривична за директорот на прилепскиот затвор: Пуштал затвореници на слобода преку договор со фирма

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Поднесена е кривична пријава против С.Р. (53) од Прилеп поради сомнеж дека во својство на директор на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп, со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор како и на друг начин со несовесно постапување во вршење на своите овластувања и должности, прибавил за себе и други одредена корист.

„По добиена согласност за работно ангажирање на осудени лица, склучени биле писмени Договори за работа помеѓу Затвор Прилеп, претставуван од пријавеното лице, и фирма од Прилеп. За потребите на фирмата, Затвор Прилеп се обврзал да му праќа три осудени лица кои ќе извршуваат работни задачи со утврден надоместок, утврдено работно време секој работен ден, почнувајќи од 21.03.2018 година. Контрола на работното ангажирање на осудените лица била должна да врши Комисија од три члена формирана од директорот – пријавеното лице. Контролата трбало да се врши најмалку еднаш неделно, а по проценка и повеќе пати. Од извештаите за извршени контроли во месеците април и мај 2018 година, било заведено дека една контрола била извршена во април, а четири во мај и секогаш била констатирана уредна состојба“, соопшти МВР.

Ова отворило простор за можни злоупотреби од страна на ангажираните осудени лица во фирмата и по извршена контрола било констатирано дека лицата осуденици кои тој ден требало да се јават на работа во фирмата, не биле затекнати на работните места, односно не се наоѓале во кругот на фирмата. На овој начин, велат од МВР, пријавениот постапил спротивно на ,,Упатство за условите, начинот, и постапката за работно ангажирање на осудено лице надвор од установата“, донесено од страна на Управата за извршување на санкции од 2011 година.

Покрај ова, пријавениот не се придржувал кон Договорот за јавна набавка на стоки – течно гориво со фирма од Прилеп.

„Во периодот од февруари, март, април и мај 2018 година, иако редовно доставувал извештај за полнење на гориво во службеното возило – референтот за возниот парк во Затворот го внесувал само горивото од причина што во испратниците не бил внесуван податок за поминати километри. Врз основа на договорот, пријавениот бил должен да го впишува податокот за поминати километри. За користењето на возилото пријавениот не изготвувал соодветни патни налози“, образложи МВР.

Пријавениот несовесно постапувал и по Законот за извршување на санкции. Од министерството велат дека наместо службата за обезбедување – Сектор за обезбедување, лично тој и книговодителот со две службени возила од кои едното нерегистрирано, извршиле спровод на седум осудени лица до Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

„Од страна на пријавениот биле презентирани само два меморандуми за соработка – еден со приватна фирма и еден со Јавната установа Детска Иднина, но во Книга за рапорт биле внесени податоци за работно ангажирање на осудени лица и во општина Прилеп. Од извршените проверки од страна на полициските службеници, упатените осудени лица во општина Прилеп не биле затекнати на работните места“, додаде МВР за овој дел од обвинението.


Можеби ќе ве интересира

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти