29 Март, 2024
0.0284

КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА СТИГНАЛА ПРЕД ОСУМ ДЕНА - како ќе се одмотува клопчето Еуростандард банка

Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Кривичната пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка стигнала пред осум дена.

Јавноста се досега ја немше таа информација, а ја открил премиерот Зoран Заев пред штедачите на банката, нешто што тие го открија во свое соопштение до јавноста по средбата со него. 

Изјавата на премиерот дека веќе се покренати кривични пријави и други мерки што се во надлежност на јавното обвинителство, членовите на Иницијативниот Одбор ја поздравуваат и изразија надеж дека одговорните лица ќе бидат изнесени пред лицето на правдата и за сторениот криминал ќе одговараат со своите лични имоти и имотите на нивните семејства за покривање на загубите од криминалот направен во Еуростандард Банка“, наведоа штедачите во своето соопштение.

Oд Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијa за Фактор потврдуваат дека е пристигната кривична пријава за лица поврзани со Еуростандард банка. 

Во ОЈО се уште проучуваат и засега се уште не даваат детали каква судбина ќе има оваа постапка, односно кои ќе бидат нивните следни чекори.

„Истата е пристигната на 9.10.2020 година, а е распределена кај надлежен јавен обвинител на 13.10.2020 година. Обвинителот ги проучува наводите содржани во предметната пријава, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката. Со оглед на краткиот период од распределување на предметот во работа, обвинителството нема детали што би можело да ги сподели со јавноста во оваа фаза“, велат од ОЈО

На информацијата, бизнисменот и еден од сопствениците на банката, Трифун Костовски, за Фактор изјви дека не знае против кого се поднесени кривичните пријави бидејќи досега не добил никакви документи, но претпоставува дека тоа е против двајцата акционери во банката, односно против него и неговиот син Коста Kостовски. 

Тој за кривичните пријави прстот го вперува кон Владата, која вели дека кумува на овој процес на поднесување на кривични пријави. 

„Како можеше премиерот Зоран Заев на средбата со штедачите да најави кривични пријави, а еве денеска тоа излегува од Народна банка, значи дека тој бил информиран за ова. Од каде би знаел премиерот дека се подготвува кривична пријава“, вели за Фактор, Костовски. 

Според него, оваа кривична пријава сигурно се оформила по налог на Владата. Тој вели дека ова за него бил очекуван потег, а бил поттикнат меѓу другото и од „човекот со чисти раце“. Костовски вели дека и покрај се не отстапува од своите ставови. Ако кривичната е против него, негови главни аргументи во одбраната ќе бидат дека тој до последен миг се борел за спас на банката, за што има и бројни документи.

„Само во жива банка ќе можеа да се спасат парите на штедачите“, вели Костовски.

Ток вели дека парите гои проневериле негови луѓе, но дека луѓе од Владата ги користеле тие пари, и затоа не сакаат да се откријат тие траги.

Ова следуваше откако Народна банка вчера поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка.

Јвноста со нетрпение очекува да види што ќе покаже овој случај.

Штедачите бараат да се обештетат со државни пари, но Власта тоа не смее да си го дозволи, споредд изјавите на владини функционери, бидејќи и се потребни 36 милиони евра, пари кои ги нема, а на тоа се противат и меѓународните институции со кои соработуваме. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап