25 Април, 2024
0.0300

КРИЗА ЈА „ТРЕСЕ“ ТУРЦИЈА: Дали тоа ги загрижува македонските туристи кои ја одбрале оваа дестинација?

Објавено во: Македонија 20 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Летните одмори влегуваат во финишот, Турција ја „тресе“ економска криза поради турбуленциите  со лирата, но македонските туристи кои одлучиле да ја посетат оваа земја не се загрижени.

Аранжманите се веќе уплатени, што значи дека падот на националната турска валута нема да придонесе за поевтин одмор. 

Дури дел од туристите кои ќе одат на одмор го следат курсот на лирата во однос на другите валути, за да имаат во план колку таму би потрошиле. Откажување на аранжмани нема, а од туристичките агенции велат дека оваа година интересот за Турција е поголем од лани.

„Луѓето не ги фаќа паника, работата е тековна. Сите слушаме во медиумите што се случува во лирата, а граѓаните кои ќе патуваат на интернет го следат курсот на лирата во однос на еврото и доларот. Лани имаше послаб интерес поради тероризмот, но оваа година е подобро, интересот е поголем“ - велат од штипска туристичка агенција.

Од туристичка агенција во Кавадарци додаваат дека никакви промени нема поради кризата во Турција и дека граѓаните најчесто за одмор ја бираат Анталија.

„Никој за ништо не се пожалил, ниту дополнително нешто прашал. Оваа година најчесто се бараат Кушадаси, Бодрум, Анталија за 7 или 10 дена“ - додаваат од битолска агенција.

Драстичниот пад на вредноста на турската лира во однос на американскиот долар ја става Tурција пред најсериозниот економски предизвик по финансиската криза од 2001 година. На 10 август, кој економистите веќе го нарекоа „црн петок“, турската лира загуби речиси 16 проценти од својата вредност во однос на доларот. Ваквиот пад беше поттикнат од твитот на Доналд Трамп со кој најави воведување на увозни царини за турскиот челик и алуминиум. Економистите сметаат дека причините за проблемите на Турција, која е 17 светска економска сила и која бележи силен раст, треба да се бараат надвор од економските политики на Владата.

Сања Атанасовска



Можеби ќе ве интересира

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување