25 Април, 2024
0.0354

Криза ли е? Која домашна фирма ја зголеми дивидендата за 17 отсто, а ќе подели и авансна дивиденда?

Објавено во: Економија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

„Раде Кончар – Апаратна техника“ на претстојното акционерско собрание освен дивиденда од бруто 140 денари по акција за работењето во 2021 година на своите акционери ќе им понуди и авансна дивиденда за 2022 година! При тоа износот на авансна дивиденда ќе биде лимитиран најмногу на износот на акумулирана добивка за периодот до кој се исплаќа...

„Раде Кончар - Апаратна техника“ продолжува да го билда угледот во инвеститорската заедница. Во ковид-кризната 2021 година оваа скопска компанија, која е холдинг од друштво за инвестиции и фирма мајка на неколку ДОО друштва, ќе подели 140 денари дивиденда за секоја акција со право на глас. Во споредба со 2020 година дивиденда исплатена по акција се зголемува за 17 отсто и тоа е резултат со кој може да се пофали ретко која домашна компанија.

Оваа акција ретко се тргува на македонскиот пазар на капитал, а последната истругувана акција била платена по цена од 2.150 денари. На таа цена бруто приносот по акција изнесува сосема солидни и за многумина недостижни 6,5 отсто!

Акционерското собрание на компанијата ќе се одржи на 27 јуни, а право на дивиденда носат акциите што ќе бидат истргувани најдоцна до 11 јули годинава.

Уште една интересна новост на претстојното собрание е предлог одлуката за авансна дивиденда за 2022 година која опфаќа и пренесена нераспределена добивка од претходни години и резерви предвидени за таа намена.

Вкупната дивиденда што оваа компанија ќе ја подели на своите акционери изнесува речиси 470.000 евра во бруто износ.

Оваа компанија има седум квалификувани акционери (н.з. правни и физички лива кои поседуваат над 5 отсто од акциите со право на глас). Пет од нив се физички лица и тие се: Дарко Стојков со 7 отсто акции, Јана Стојкова Каневче со 7,5 отсто, Горан Антевски со 8,8 отсто од акциите, Велибор Киријас со 6,2 отсто и Владанка Трајкоска со 6,1 отсто од обичните акции. ДОО „Раде Кончар заеднички дејности“ има 5,2 отсто и ДОО „Раде Кончар сервис и поправки на електрични производи“ има 7,3 отсто од акциите.

Останатите 51,9 отсто од акциите ги поседуваат повеќе од 20 домашни физички и правни лица.

Друштвото функционира како холдинг компанија со повеќе самостојни друштва со ограничена одговорност и успешно функционира како самостојно инвестициско друштво. Во својата палета на производи и услуги друштвото се занимава со производство на електро мотори и помошни контактори , модуларни контактори, биметални релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи, тастери, со еден збор, ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско управување и останати електрични постојки како и сервис и поправка на електрични производи.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди