Кромберг и Шуберт носи 1.000 вработени да се вакцинираат во Србија
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2021
Компанијата „Кромберг и Шуберт“ од битолската индустриска развојна зона Жабени соопшти дека организира вакцинирање на 1.000 свои работници во Србија.
„Нашата компанија членка и партнер во дуално стручно образование Кромберг и Шуберт се грижи за здравјето на своите вработени Кромберг и Шуберт е една од најзначајните германски инвестиции во земјата како и најголемиот работодавач. Компанијата работи веќе 9 години во земјата и важи за општествено одговорна компанија, која се грижи пред се за здравјето на своите вработени.
Во моментов за 1000 вработени лица и членови на нивните семејства беше организирана вакцинација од страна на компанијата. За отсутните вработени е овозможено платено отсуство од работа на денот на имунизацијата. Компанијата изврши преструктуирање во производството, за да не се направи застој во работата, а производот да биде навремено изработен и испорачан до клиентите.“, соопшти еден од најголемите работодавачи во Македонија.