20 Април, 2024
0.0285

Крум Велков до пратениците: простачки профитери!

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Крум Велков, познатиот еко-активист од Здрава Котлина, здружение кое се бори против нови рудни наошалишта и начинот на нивната експлоатација, ги нарече „простачки профитери“ пратениците на Собранието на РМ во својата тирада на Фејсбук откако вчера не беше донесен законот за минерални суровини.

"Денеска, македонскиот политички цијанид уште еднаш, по којзне кој пат ги остави граѓаните на цедило, преку пратеници кои мислат исклучиво на сопствените џебови; еден глупав, себичен буљук простачки профитери без елементарен морал и одговорност пред општеството. Денеска избегаа, но долгорочно нема да избегаат. Секој ќе мора да се изјасни.
Најавуваме, во најкус можен рок, донесување итни решенија во врска со облиците на натамошниот отпор против рудникот Иловица-Штука, а доколку пратениците во најскоро време не го изгласаат Законот, и почеток на консултации за еден вид општомакедонски еколошки фронт." го зинесе својот став Крум Велков, активист на Здрава Котлина.

Собранието на Република Македонија вчера требаше да расправа по измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, поднесени од 11 пратеници со различна политичка ориентација, но кога дојде време за гласање истиот не беше донесен, бидејќи немаше потребен број на народни избраници.

Предлогот е на дневен ред на 32. седница, а треба да се донесе по скратена постапка. Зад него стојат Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Мери Лазарова, Ивана Туфегџиќ, Кети Смилеска, Ирена Стефоска, Горан Милевски, Павле Богоевски, Сашко Атанасов, Диме Велковски и Ферид Мухиќ.

Македонската асоцијација на рударството (МАР) во јули годинава повторно апелираше да не се носат измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка, туку претходно да се организира јавна дебата со сите засегнати страни. Предупреди дека измените ќе бидат штетни за рударството и дека се нелогични, недоречени и неприменливи во пракса. Како што рече тогаш претседателот на МАР Николајчо Николов, измените се тенденциозни и се туркаат заради добивање политички поени. Николов обвини и дека е нестручен пристапот во дефинирањето на измените.

Активистите за здрава животна средина жестоко обвинуваат дека рудникот „Иловица – Штука“ не само што е еколошка нуклеарна бомба туку е, како што велат, најголема биолошка еко-закана на континентот во моментов и еко-геноцид од невидени размери во поширокиот регион. Тие разочарани од средбата со претставниците на Владата на Република Македонија, на ЕБОР и на компанијата „Еуромакс рисорсис“, околу рудникот за бакар и за злато „Иловица“, најавуваат блокада на патишта и на гранични премини и кривични пријави. 

Од Владата, пак, убедуваат дека заради намалување на ризиците и загриженоста на локалното население во регионот нема да се користат цијанид и сулфурна киселина туку „помалку штетни хемикалии“, а ќе се формира и независно тело за мониторинг, кое ќе врши проверка на секој следен чекор низ претстојните фази. Истото тоа претходно го соопштија и од компанијата „Еуромакс рисорсис“, која ќе го гради рудникот.


Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?