26 Април, 2024
0.0281

КРУШЕВО ПОФАЛЕНО: Како им успеа да го дуплираат бројот на туристички ноќевања?

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во 2018 година Крушево за 50% ги зголемило туристичките ноќевања. 

Ова беше соопштено од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а од Општина Крушево велат дека можностите за организирање на параглајдерски купови придонеле за ваков добар резултат.

Најголемо зголемување на бројот на туристите во државата е забележано токму во овој град, каде минатата година благодарение на алтернативниот туризам, односно на атрактивното место за параглајдеристите Мечкин камен, бројот на ноќевања пораснал за околу 50 проценти.

Крушево лани имало 15.853 домашни туристи кои реализирале 41.801 ноќевање, а истата година дошле 2.592 странци кои реализирале 18.144 ноќевања. Раст има кај домашните и кај странските гости, потврдуваат од општината. Но, се верува дека реалниот број на туристи е поголем затоа што не сите туристи се пријавени, а воедно гостите се сместуваат и во куќи кои не се категоризирани како сместувачки капацитети.

Коста Мицкоски, раководител на одделението за локален економски развој во Општина Крушево вели дека токму поради параглајдерството имале повеќе гости во градот.

„Сите активности на Општина Крушево за она што туристичкиот сектор го бара, но и ружата на ветрови која одговара за параглајдерството придонесе да имаме повеќе туристи лани. Параглајдеристите го препознаа Крушево како топ дестинација за овој спорт. Лани имавме во Крушево девет параглајдерски натпревари организирани од други држави“, вели Мицкоски.

Тој додава дека од крајот на мај до септември имаат најголем наплив на туристи, а деновиве општината ќе обележи 40 км пешачки и велосипедски патеки, ќе ја реновира и спортската сала со цел параглајдеристите во деновите кога немаат активности, да можат да го исполнат своето слободно време и да спортуваат.

„Секогаш може да биде и подобро. Јас за јули и август имам најавено домашни туристи, а странците претежно си одат во хотели и вили“, вели Сотир Качивановски, крушевчанец кој издава соби.

Крушевчани сметаат дека треба уште да се работи за да градот може да живее од туризам, иако признаваат дека има раздвижување во секторот.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот