КРВАВ НАПАД НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ ГЕРМАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ: Вооружен студент влегол во амфитеатарот на Хајделберг и почнал да пука, потоа се самоубил
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2022
Неколку лица се повредени во нападот што се случи нешто пред
14 часот на Универзитетот во Хајделберг. Нападот започнал околу 13.50 часот, а според неофицијални информации
напаѓачот, кој наводно бил студент на универзитетот, се самоубил по крвавиот
масакр.
Засега не се познати бројот и идентитетот на ранетите.
UPDATE 2 #Heidelberg, #NeuenheimerFeld: Vier Personen, z.T. schwer verletzt, aktuell besteht keine Gefahr mehr, Täter tot - es wird von Einzeltäter ausgegangen.
Bürgertelefon 0621/174-5055 für Angehörige eingerichtet! pic.twitter.com/t7DPvAPzuh
Не е познато ниту
кој бил мотивот на напаѓачот кој на универзитетот дошол вооружен со неколку
пушки.
Германската полиција брзо пристигнала на местото на настанот и се утврдуваат сите детали. Иако се претпоставува дека напаѓачот бил неутрализиран при акцијата на припадниците на полицијата, безбедносни извори велат дека насилникот првично избегал и дека полицијата трага по него.
Набрзо бил пронајден мртов, поради што постои основано сомнение дека извршил самоубиство. Како што јави ДПА, самиот напаѓач бил студент. Според безбедносните кругови, тој немал политички или верски мотиви.
Од полицијата велат дека е утврдено дека напаѓачот дејствувал сам, но истрагата ќе продолжи во наредните денови.