КРВАВ ВЕЛИГДЕН: Серија експлозии во цркви и луксузни хотели полни со туристи-има мртви!
Објавено во: Свет 21 Април, 2019
Најмалку 20 луѓе загинале а 280 се повредени во неколку експлозии во една црква и два хотели во престолнината на Шри Ланка Коломбо, како и црквата во градот Негомбо.
Полициски извори наведуваат дека е во тек евакуација на повредените, јави Ројтерс.
Две туристички агенции потврдиле дека експлозиите се случиле во хотелите во Коломбо. Засега никој не презеде одговорност за нападот.
фото: курир.рс./АП