25 Април, 2024
0.0276

КСС се заканува со протести по повеќегодишната хибернација

Објавено во: Економија 12 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

КСС како разбудени од долгиот зимски сон сега се закануваат со одржување на масовни работнички протести додека пак во изминатите години кога имаше горливи проблеми за работниците речиси и да не покажуваа никаква активност туку само се согласуваа со политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ралповски на прес-конференција рече дека КСС останува на барањето за покачување на платите во јавниот сектор од 19 проценти согласно зголемувањето на минималната плата, како и за скратено работно време од седум часа во институциите каде се воведува двосменско работење. Конфедерацијата бара и продолжување на породилното отсуство од девет на 12 месеци за поддршка на мајчинството, а согласно препораките на Светската здравствена организација  според кои детето  треба да биде донео  најмалку 12 месеци, а со што се намалува ризикот  за рак на дојка за 50 проценти, кој сега е значително распространет.

Според Ралповски, КСС нема да отстапи од поставените барања поради што Извршниот одбор добил насоки да свика вонредна Конференција на КСС на која ќе се расправа за состојбите во Економско-социјалниот совет.

– Ако не се поправат ваквите состојби КСС ќе излезе со порадикални чекори,  а тоа во прво време ќе бидат масовни протести, истакна Ралповски.

Тој потенцираше дека сите барања се согласно Законот за работни односи и конвенциите на Меѓународната организација на трудот.  Досега, како што информира претседателот на КСС, испратиле повеќе дописи за средба со министерката за труд и социјална политика Мила Царовка, но не добиле одговор.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?