КУБА ПОЧНА ДА ЈА ИЗВЕЗУВА СВОЈАТА ВАКЦИНА: Се чека официјалната потврда од Светската здравствена организација
Објавено во: Свет 26 Септември, 2021
Кубанските научници развија три домашни вакцини против Ковид-19 и чекаат да добијат
официјална потврда од Светската здравствена организација, објави Ројтерс.
Куба денеска објави дека за првпат ја извезува својата вакцина „Абдула“ во Виетнам, која се дава во три дози, што е прва пратка во рамките на договорот за испорака на пет милиони дози на оваа земја.
Државната фармацевтска корпорација БиоКуба Фарма објави информации за извозот на Твитер, откако претходно оваа недела изјави дека произвела доволно вакцини за да ја исполни целта за имунизација на повеќе од 90 проценти од локалното население до средината на ноември.
Од БиоКуба Фарма изјави дека може да произведуваат 100 милиони дози годишно на вакцините Абдала, Соберана 2 и Соберана плус, за што неодамна информираа дека го намалуваат ризикот од сериозни болести или смртност за околу 90 проценти. Потпретседателката на корпорацијата БиоКуба Фарма, Мајда Маури, изјави дека, откако ќе се постигнат целите за снабдување во земјата, ќе започне испораката на вакцини во други земји, вклучително и Иран и Венецуела.
„Ние разговараме за регулаторни прашања со Аргентина и други земји во различни региони во светот“, истакна таа.
Иран веќе ја произведува вакцината Соберана-2.
Виетнам, Аргентина и Мексико изразија надеж дека наскоро ќе произведат кубански вакцини, додека многу земји користат други кубански лекови во протоколи за третирање на „Ковид-19“.