25 Април, 2024
0.0293

Кукавичко и дрско претепување: „Нема правда“ на протестот во Битола

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Полицајците претепаа Роми на дрзок, на кукавички начин и ова во иднина никогаш не треба да се повтори - ова е суштината на ставот на битолчани кои денеска се собраа и протестираа против полициската бруталност. Најголем дел од нив беа припадници на ромската заедница. Протестот кој почна на пладне беше „декориран“ со пароли и извици „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“.  

Граѓаните кои протестираа велат дека го изразуваат незадоволството од настанот и од одредени полицајци. Тврдат дека дел од претепаните Роми биле хендикепирани и немале можност да удрат. 

Протестот беше организиран од иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато. Откако случајот беше објавен на социјалните мрежи, МВР преку Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал против еден од полициските службеници поради физичко насилство.  Против него е покрената и дисциплинска постапка и суспензија од работа.

Инаку како што објавивме за во среда е закажан и друг протест преку кој ќе се бара повлекување на кривичните пријави и дисциплински постапки против полициските службеници, кои како што стои во повикот, биле нападнати и неправилно суспендирани. Најавено е дека демонстрантите ќе се движат по Широк Сокак, а протестот ќе заврши пред СВР Битола и Јавното обвинителство.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот