22 Март, 2025
0.0302

КУЌИ ВО СТРУГА, СКОПЈЕ И НЕГОТИНО „НА РАСПРОДАЖБА“ – различни имоти може да се купат преку банките, дел се целосно завршени, дел во изградба

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2025 09:45

Добивај вести на Viber

Куќи, станови, делови од куќи, земјиште, како и многу деловни објекти се на листите на продажба кои ги нудат комерцијалните банки во Македонија, како крајно решение за наплата на нефункционалните кредити, или поточно кредити кои корисниците од одредени причини не успеваат да ги вратат.

Ако се погледнат имотите во дел од банките во Македонија, кои се нудат на продажба ќе се видат бројни куќи, од кои голем дел големи објекти, на два ката, но и многу недовршени објекти, започнати градби, чија замисла не била до крај реализирана.

Така на пример, еден објект кој се продава преку комерцијалните банки е дел од куќа во Скопје, со посебен влез, поткровје со стан со површина од 97 метри квадратни и тераси од 10 метри квадратни. Станот има отворена дневна со кујна, две спални и една бања, но овој имот нема упис во катастарот, и цената за него не е дефинирана

Истата банка нуди уште една куќа во Скопје со површина над 100 метри квадратни, како и стан во Скопје во населбата Кисела вода, но и овие два објекти се без имотен лист.

Една од другите големи комерцијални банки во Македонија нуди куќа во скопската населба Кисела Вода која има површина од 122 метри квадратни, со дворно место од 66 метри квадратни, како и гаража од 15 метри квадратни, и која се продава преку извршител.

Преку истата банка се продава и куќа во Охрид, на улицата Македонска Ударна Бригада составена од два објекти. Објект еден има приземје и два ката со површина од 436 метри квадратни, додека вториот објект има површина од 42 метри квадратни и земјиште со површина од 447 метри квадратни.

Преку извршител се продава и стан во Струмица на улицата Крушевска Република со површина од 128 метри квадратни и 1/3 од идеален дел од земјиште со право на користење 265метри квадратни.

Еден примамлив објект кој се нуди преку комерцијалните банки е куќа во населбата Сингелиќ на улицата Сава Михајлов, со Имотен лист, со вкупна површина од 276 метри квадратни и дворно место со површина од 177 метри квадратни. Објектот е изграден 1998 година

Истата банка нуди и објект во Струга, станува збор за куќа во селото Октиси со имотен лист и вкупна изградена површина 396 метри квадратни и двор од 567 метри квадратни. Куќата е градена во осумдесетите години.

Се продава и семејна куќа во Неготино која зафаќа 67 метри квадратни и 3 метри квадратни помошни простории, со имотен лист.

Прегледот на понудата на банките покажува дека има голем избор на објекти, иако доминираат деловни објекти кои се нудат на продажба. Кога станува збор за станови, а особено куќи кои се на продажба преку банките, истите чекаат подолг период. Дали станува збор за проблеми со имотните листови, или пак, за друг тип на проблеми, како што се големината објектот и неговата цена.

Сепак, од цените на објектите кои се на продажба, може да се забележи дека цените се многу помали отколку на новите објекти и цената за метар квадратен во главниот град.

Банките се одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на продажба.

Недвижностите кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат години додека да добијат нови газди, па имотите стојат на списоците на банките подолг период.

За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

П.О. 

Фото: freepik.com/4045

Можеби ќе ве интересира

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ФИНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ОДАТ НА КУПУВАЊЕ - еве и зошто

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик