23 Април, 2024
0.0263

КУЛЕБАНОВА: ФАКТОР Е ОСОБЕНО ЗНАЧАЕН ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ, партнер во обидот да се намалат штетите од кризата

Објавено во: Економија 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Габриела Кулебанова, Потпретседателка на Сојузот на Стопански комори на Македонија (ССК)


Поминаа 10 години, а чувството е како ФАКТОР да е фактор и повеќе од 10 … предводејќи во пласирањето економски вести и анализи на овие простори. Фактор успеа да изгради сопствен имиџ на непристрасно и професионално известување што е особено важно за да се придобие и да ја одржи довербата на читателите. Неговиот придонес е особено значаен за поддршката на растот и развојот на компаниите бидејќи активно се вклучува во создавање на подобро деловно окружување во нашата земја, преку креирање на јавно мислење за теми кои се од особенo значење за економскиот, но и поширок општествен напредок на државата. 

Секогаш пред другите, со внимателно избран пристап на обработка на темата поткрепено со исцрпни анализи, тоа е начинот на известување по кој Фактор е препознатлив и заради кој за голем број на читатели од деловниот свет тој е медиум број еден во нашата земја. Споделувајќи информации за актуелните случувања во сферата на бизнисот во нашата земја, но и пошироко во светот, Фактор ја гради големата слика и индиректно се вклучува и во донесување на одлуките за водење на бизнисите.

Живееме во турбулентно и постпандемиско време во кое се соочуваме и со потреси на геополитичкото тло, енергетска и инфлаторна неизвесност и во исчекување сме на тешка зима во секоја смисла за граѓаните, но и за компаниите. Околностите за деловна активност се менуваат секојдневно, она што е ново денес е основ за анализа за утре, која треба да ги согледа ефектите, опасностите и неизвесностите од новите околности кои се создаваат. Да се следи овој динамичен развој на случувањата преку подготовка на новинарки текстови бара економски профилирани новинари со широки познавања, изострен сенс за одвојување на важното од неважното и истрајност во обидот да се предизвика промена, што се карактеристики на новинарската екипа на Фактор.

Медиумите се важен фактор и наш главен партнер во обидот да се намалат штетните последици од мултиплицираната криза во која се наоѓаме, бидејќи заеднички се обидуваме да ја истакнеме важноста од навремено креирање на мерки за поддршка на бизнис кои треба да ги донесе Владата. Реалноста со која се соочуваме покажува дека постои опасност околу 20 проценти од компаниите да се затворат ако не добијат помош за одржување на деловната активности. Сакајќи да ја избегнеме оваа ситуација апелираме на повеќе начини да се преземат мерки сега и веднаш затоа што со затворањето на компаниите директно се влијае на намалување на буџетските приливи.

Поддршка особено е потребна на малите, микро и средни компании кои се помалку издржливи на потреси, а кои овие моменти добиваат удари од сите страни со покачување на сите трошоци во нивното работење. Секогаш сакам да гледам на светлата страна на работите, затоа и верувам дека ние како бизнис заедница во соработка со медиумите ќе успееме да направиме притисок за позитивна промена и од нашата држава ќе направиме поубаво место за живеење со што ќе го спречиме иселувањето на младите, а со тоа и недостигот на кадар кој дополнително ја комплицира ситуацијата и економската одржливост.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска