КУМАНОВЦИ ПРАВЕЛЕ РШУМ ПО СТАНОВИ И КУЌИ - краделе машини, шпорети, но и чевли
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020
Кумановци, татко и син, по станови и куќи во градот краделе електрични предмети и бела техника, но и чевли. Полицијата сето ова што било украдено го открила во нивниот стан и го привела шеснаесет годишниот син.
„Во текот на изминатата недела СВР Куманово преземаше мерки и реализираше контроли за повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови. На 12.02.2020, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки. Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство. Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16-годишникот, во присуство на неговата мајка. По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“ се вели во соопштениетоп од МВР.