Куманово, Битола и делови од Скопје високо загадени
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2017
Куманово, Битола и делови од Скопје утрово се високо загадени.
Од скопските населени места најзагадени се Миладиновци, Лисиче и Карпош.
Сепак, Куманово останува најзагадениот град во Македонија со 284 mg / m3 со честички ПМ10. Ова загадување е дури шест пати поголемо од максималната дозволена граница од 50 mg / m3.
Ова се гледа од информациите за квалитетот на амбиенталниот воздух, за што податоци се добиваат од мерните станици.
Гази Баба, Центар, Тетово и Кавадарци се високо загадени.