24 Ноември, 2024
0.0264

Сугарески, Китанов и Димитриевски - Куманово добива инвестиции од 80 милиони евра

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

„Само во Куманово и кумановскиот регион инвестираме преку 80 милиони евра во реализација на крупни капитални проекти во патишта, железници и во изградба и реконструкција на канализации и водоводи кои треба да донесат економски развој во регионот, нови вработувања и подобар живот за граѓаните“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната работна посета во Куманово. 

Во пресрет на владината седница што треба да се одржи во Куманово, министерот Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалникот на Општина Куманово, направија обиколка на инфраструктурните проекти што се реализираат во ресорот транспорт.

„Инвестираме преку 26 милиони евра во реконструкција на патната мрежа. Завршивме неколку патни правци многу значајни за овој регион,  исто така многу значаен правец кој ќе го почнеме идната година е патот до Страцин, инвестиција од 15 милиони евра. Понатаму инвестираме во изградба на железницата кон Бељаковце, инвестиција од 47 милиони евра. Сакам да информирам дека до крај на годината очекуваме ЕУ да ни одобрат неповратни средства за изградбата на заедничката железничка станица со Србија, која ќе се гради кај Табановце. Проектите се комплетно завршени, очекуваме средствата да ни ги одобрат и да распишеме тендер за изградба на станицата. И според мене најважната работа во која инвестираме е изградбата на водоводи и канализации, проекти со кој директно го подобруваме животот на граѓаните. Имаме неколку активни проекти во кумановскиот регион а веќе подготвуваме и нови проекти за следната година”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека патниот правец Куманово - Свети Николе е рехабилитиран во цела должина од 42 километри што претставува важна патна врска од граѓаните од Истокот со Република Србија.

„Ги завршивме патните правци од Куманово до Опае, до Никуштак и до Пелинце, проекти што стоеле недопрени со години. Исто така патот кон Крива Паланка половина е рехабилитиран и очекувам до напролет и тој да биде завршен. Тоа што е важно за неколку дена завршува изборот на компанија што ќе ги рехабилитира патот до Страцин, со што во 2020 година целосно ќе биде рехабилитиран патниот правец Куманово - Страцин. За десетина дена ќе отпочнеме и со изградба на трета лента на патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир така да веќе следната година од Куманово до Деве Баир ќе имаме комплетно рехабилитирана патна врска”, изјави Зоран Китанов директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека Општина Куманово најде партнер во реализација на големи инфраструктурни проекти.

„Во изминативе деветнаесет месеци со право можам да кажам дека во Куманово се реализираат многу проекти во инфраструктурата. Со самата реконструкција на овие регионални патишта добиваме добра конекција меѓу општините и поврзувањето на регионите заедно. Североисточниот регион е најслабо развиен плански регион и денеска на владината седница ќе ги разгледаме перспективите за овој регион. Верувам дека овој позитивен тренд на инвестиции во инфраструктурата ќе продолжи и во наредниот период”, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип