29 Март, 2024
0.0271

Кумуцакос: Коѕијас молчеше кога Димитров ја посочи Грција за иредентизам

Објавено во: Балкан 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Договорот за името треба да биде комплетен, целосен и конечен и да ја разликува соседната земја од грчката Македонија, порачува Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Неа демократиа.

Во интервју за грчкиот весник „Рил њуз“ Кумуцакос вели дека ваквиот договор не е изводлив, а навремено тоа го кажал и лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис, пренесува МИА.

„Неодамнешните изјави од Скопје ставија кочница на целосно неопходната ревизија на Уставот на соседната земја и на спроведување на договореното име за сите употреби. Ваквата разврска е негативна за Грција, а прашањето не е дали продолжуваат преговорите, туку како продолжуваат и каде водат“, изјави Кумуцакос.

Тој, исто така ја споемнуав и изјавата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со Никос Коѕијас во Охрид, а се однесува на спречување на иредентизмот од двете страни.

„Не станува збор едноставно за потврдување на бескомпромисноста, туку за нови барања од скопската страна, конкретно на господинот Димитров кој, верувале или не го постави прашањето за иредентизам од страна на Грција, кон неговата земја. Ова не е чекор напред. Не е воопшто чекор што треба да се забележи. Тоа е чекор на сериозно уназадување. Нешто што се случи во присуство на министерот за надворешни работи на Грција, а господинот Коѕијас јавно молчеше“, вели Кумуцакос.


Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?