Кумуцакос: Уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2018
Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија вели дека уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени во пракса пред ратификацијата на договорот.
„Непрекршлив предуслов и основна гаранција за конечно решение на прашањето за името на Скопје е промена на нивниот Устав. Промена, што нема само да се предвиди, туку ќе биде применета во пракса пред ратификација на кој било договор“- вели Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.