27 Септември, 2024
0.0519

КУП ПОВРЕДЕНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО ЗЕМЈАВА! Еве што вели извештајот на Народниот правобранител

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Најмногу повреди на човекови права има во областите кај детските права, правосудството и граѓанските состојби во 2022 година, покажува извештајот што денеска беше презентиран од страна на Народниот правобранител, Насер Зибери.

Според него, властите допрва треба да се ангажираат да донесат закони и законски измени се со цел да се најдат начини со кои граѓаните нема да доживуваат прекршувања на законот. 

Според статистиката, во Канцеларијата на Народниот правобранител во 2022 година биле примени 3.209 претставки, а 273 предмети беа пренесени од претходната година. Бројката на примени претставки, како што рече Зибери, претставува зголемување за околу 20 отсто во однос на минатата година, што е очекувано со оглед на фактот што состојбата со пандемијата се стабилизира и сите инситуции се вратија на начинот на работа пред пандемијата.

Постапка била покрената по 2.173 претставки, додека за 737 поради ненадлежност постапка немало.

Зибери истакна дека како и во минатото така и сега, на прво место според бројот на поднесени преставки е правосудството – 534 или 16,64 отсто од вкупниот број, потоа потрошувачките права права 337 или 10,50 отсто, работните односи -288 или 8,97 отсто, детските права 252 или 7,85 отсто, имотно-правните ондоси – 208 или 6,48 отсто.

-Најмногу повреди констатиравме кај правата на детето, податок кој нѐ загрижува бидејќи станува збор за лица кои согласно Конвенцијата за правата на детето уживаат посебна заштита. Во овој сегмент и преку предметното работење, но и од спроведеното истражување, утврдивме најтежок облик на дискриминација – сегрегација во две училишта, едното во Битола, другото во Штип. За овој случај и Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која исто така констатираше појава на сегрегација, нешто што беше карактеристично за 19 век, рече Зибери.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други