18 Април, 2024
0.0277

Купуваат ли македонските граѓани second hand гардероба?

Објавено во: Економија 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани, посебно жените купуваат second hand облека која се нуди на различни интернет страници по поволни цени.

За овие парчиња продавачите обично бараат од 150 до 500 денари. Луѓето кои се занимаваат со ваква продажба, велат дека интерес има, а воедно и работа за нив. Душица Лауцоска која извесно време продава облека онлајн, вели дека освен нови парчиња, има и second hand гардероба, а неа повеќе ја купуваат припаднички на понежниот пол, и смета дека тоа најверојатно го прават поради ниските цени.

„Нормално жени има повеќе. Имам контакти во Словенија и така ја добивам гардеробата, по акциски цени и секое парче е со супер квалитет“, вели таа.

Сашка Костадиновска од Скопје која до неодамна имала бутик, вели дека познава повеќе жени кои купуваат носена облека.

„Јас не сум купила, меѓутоа имам другарки кои преферираат втора рака да купат, а знам за во Лондон додека бев, дека за деца преферираат да купуваат second hand, додека кај нас повозрасните купуваат ваква облека. Финансиите се пресудни, но и квалитетот, затоа што луѓето мислат дека квалитетот на таа носена облека, која не е искината не е ист со новата облека“, додава таа.

Друга жена која до ден денес се занимава со интернет продажба на second hand производи, вели дека луѓето кај неа повеќе купувале обувки, поретко облека, а најчесто мебел и бела техника.

„Во 2017 година почнав со оваа работа, и беа скептици, каде и да се обидев да огласам имаше многу критики, напаѓања дека треба да подарам, но со тек на време се навикнаа дека како и секоја друга работа, така и ова може да функционира. Наместо да одат во Софија или Солун, за H&M поисплатливо е да го купат вака. Она што е продадено од моја страна поминало низ неколку фази, чистење со вода, средства, внатрешна и надворешна дезинфекција, перење во машина, доколку има потреба од корекција, одлепено, залепено, веднаш се средува тоа на чевлар. Има многу голема заинтерсираност, скоро две години продавам чевли од наше семејство од Германија и Франција, и многу се троши“, велат од страницата Second hand, Катче за мајките.

Оттаму додаваат дека имаат купувачи од внатрешноста, задоволни стари купувачи, но и нови.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб