КУПУВАЊЕ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Кој понуди 36 милијарди долари да ја купи Лондонската берза
Објавено во: Економија 12 Септември, 2019
Светскиот пазар на капитал го тресе шок по објавата дека Кинези сакаат да ја направат трансакцијата на деценијата а по најновите вести акциите на LSE забележаа скок за дури 8,5 отсто за да подоцна го изгубат делот на првичната добивка.
Имено, светските медиуми ја пренесоа информацијата дека компанијата „Hong Kong Exchanges and Clearing“ (HKEX) доставила понуда да ја купи Лондонската берзанска група (LSE).
Како што се пренесува за „спојување на двете компании“ во рамки на договорот вредноста на LSE е проценета на 29,6 милијарди фунти или 36,6 милијарди долари.
Од УО на HKEX сметаат дека двете компании се доста комплементарни поради што се радуваат на соработката со надлежните власти за да се отвори патот кон реализација на трансакцијата-стои во соопштението на операторот на Хонгконгшката берза.
Меѓудругото се посочува дека со спојувањето на двете компании, подобро би се позиционирале на пазарите и други географски зони а од друга страна на пазарните учесници и инвеститори би била понудена неверојатна поврзаност на глобалниот пазар.