25 Април, 2024
0.0317

КУРЦ ИЗГУБИ ДОВЕРБА ВО ПАРЛАМЕНТОТ: Тој најавува силен камбек

Објавено во: Свет 28 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на австрискиот канцелар Себастијан Курц ја загуби довербата на парламентот по обвинувањата за корупција во кои бил вмешан неговиот поранешен заменик, лидерот на ФПО Ханс Кристијан Штрахе.

Имено, парламентот изгласа недоверба, што своевидно е преседан, бидејќи сличен случај последен пат се случил во далечната 1945 година.

Австриската владеачка коалиција помеѓу Конзервативната народна партија на Курц и десничарската Партија на слободата е здрмана на 17 мај откако Штрахе „наводно“ на роднините на руски тајкун им ветил отстапки во замена да ја финансира кампањата.

Штрахе поднел оставка по скандалот за да не би ја „оштетил“ коалицијата. Тој остро го критикувал видеото како „целно политичко убиство“ велејќи дека објавените делови се извадени од контекст. Курц брзо се дистанцирал од помладиот коалиционен партнер и повика на вонредни избори како единствен начин да се „врати довербата во јавните институции“.

Тој исто така, предложил смена на министерот за внатрешни работи Херберт Кикл, кој, како што рекол Курц , е неспособен да ја води истрагата на лидерот на неговата партија.

Курц по изгласаната недоверба вели дека на власт ќе се вратат уште посилни.

Канцеларот рекол дека ќе помогне привремената техничка влада да обезбеди стабилност во наредните месеци и дека ќе се бори за враќање на премиерската функција.

Можеби ќе ве интересира

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!