28 Март, 2020
0.0243

Курти: Владите на Косово, Црна Гора и Северна Македонија ќе седнат заедно

Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2020


Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека зборувал на состанокот во Лондон за важноста на инвестирањето во економијата и младинското претприемништво. Владата на Приштина ќе соработува со Владата на Црна Гора и Владата на Северна Македонија, потврди Курти.

Премиерот на Косово, Албин Курти, кој е во Лондон на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој, најави дека планира да организира заеднички седници со црногорската и северно-македонската влада, пренесува Танјуг.

„Веќе имаме постигнато 77 договори со Албанија. Ќе одадеме нова енергија и динамика на нивната имплементација“, објави Курти на Фејсбук.

Тој најави дека приштинската влада ќе соработува со Владата на Црна Гора и Владата на Северна Македонија во проекти од заеднички интерес.

„Ние, исто така, имаме намера да имаме заеднички седници со нив“, рече Курти.

Тој исто така потврди дека зборувал на состаноците во Лондон за важноста на инвестирањето во економијата, младинското претприемништво, информатичката технологија и инфраструктурата, како и односите со Србија и принципот на реципроцитет.


Можеби ќе ве интересира

Борисов: Членството во НАТО ќе придонесе за развој на нашите братски односи

Борисов: Членството во НАТО ќе придонесе за развој на нашите братски односи

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЗЕНИЦА: Тепачка за вреќа брашно

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЗЕНИЦА: Тепачка за вреќа брашно

Д-р Емануил Најденов: Разликата помеѓу грипот и коронавирусот е дека вториот стекна слава

Д-р Емануил Најденов: Разликата помеѓу грипот и коронавирусот е дека вториот стекна слава

СОСЕДИТЕ ЌЕ ИЗВЕЗАТ БРАШНО: 4.000 тони ќе завршат кај нас и кај Црногорците

СОСЕДИТЕ ЌЕ ИЗВЕЗАТ БРАШНО: 4.000 тони ќе завршат кај нас и кај Црногорците

Пернар: Колку подолго ќе траат мерките за карантин, повеќе време ќе треба кризата да помине

Пернар: Колку подолго ќе траат мерките за карантин, повеќе време ќе треба кризата да помине

СЕ ЗАТВОРААТ ГРАНИЦИ, КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ: Албанија прогласи вонредна состојба

СЕ ЗАТВОРААТ ГРАНИЦИ, КАФУЛИЊА, РЕСТОРАНИ: Албанија прогласи вонредна состојба

(ФОТО) ОБИКОЛКА НИЗ ТИРАНА: Рама се караше со пензионери

(ФОТО) ОБИКОЛКА НИЗ ТИРАНА: Рама се караше со пензионери

СРБИЈА ИМА СКОРО 400 ЗАРАЗЕНИ: За Вучиќ ова е најтешкиот ден

СРБИЈА ИМА СКОРО 400 ЗАРАЗЕНИ: За Вучиќ ова е најтешкиот ден

СЕ СТРЕСЕ ЗАГРЕБ: Вечерва уште еден земјотрес

СЕ СТРЕСЕ ЗАГРЕБ: Вечерва уште еден земјотрес