„Пркосниот“ Куштрим Рамадани пронајде утеха во топланата Скопје Север

Објавено во: Економија 06 Април, 2022
Доскорешниот прв човек на националниот оператор на електропреносниот систем МЕПСО, Куштрим Рамадани, од Управниот одбор на топланата Скопје Север АД е назначен за директор на ова претпријатие кое е сопственик на топловодна мрежа и на топлана за загревање на скопските населби Чаир, Топанско Поле и Скопје Север.
- Еве од вас дознавам дека и официјално сум регистриран како директор на претпријатието, а претходно три месеци бев без работа. За тоа во какви односи сум со ДУИ, најдобро е да ги прашате нив. Мои пријатели ме контактираа и ми го понудија ова место за да не бидам, како што се вели, на улица. Јас ќе се обидам да го подобрам работењето на претпријатието, кое во овој момент води борба да издржи во грејната сезона, ни изјави Рамадани.
Тој доаѓа на местото на Моника Тимосиевска и ќе раководи со акционерското друштво кое има годишни редовни приходи од 500.000 евра, но и редовно прикажува загуба во завршните сметки. Претходно раководеше со МЕПСО кое на годишна основа (податоци 2020) имаше приходи од 90 милиони евра.
Минатата година Адора Инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај, додека топланата Север функционира како посебен субјект.
Рамадани до крајот на минатата година како кадар на ДУИ раководеше со МЕПСО, а потоа поранешниот заменик-директор на Регулаторната комисија за енергетика поради меѓукоалициски договор беше заменет со Орхан Муртезани од Алтернатива.
Во јавноста ќе остане запаметен по тоа што беше единствен кој прв и отворено кажуваше дека ЕСМ не произведува доволно електрична енергија и дека стравува за количината на домашно производство во иднина затоа што нема доволно јаглен, а нема ниту вода во хидроцентралите. Всушност беше и првиот функционер кој отворено јавно кажуваше дека приватните снабдувачи и ЕСМ му направија долг на МЕПСО од 18 милиони евра за превземена електрична енергија од регионалната мрежа.
Со прогласувањето на кризната состојба со топлинската енергија, Владата преку АД ЕСМ во овој период го администрира работењето на оваа топлана.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Свиркачи за Credit Suisse: Швајцарската банка им помагала на богатите Американци да избегнуваат даноци со години

ТОАЛЕТНАТА, ВЛОШКИТЕ, ПЕЛЕНИТЕ И ВЛАЖНИТЕ МАРАМЧИЊА СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА 13 ОТСТО: Бектеши потврди, се замрзнуваат цените на овие производи

ПРАШАЛ КАКО ДА НАПРАВИ БИЗНИС ЗА 100 ДОЛАРИ И ДА СЕ ЗБОГАТИ ЗА МИГ? Момче го искористило ChatGPT - погледнете колку заработил

РЕНМИНБИ ИЛИ ЈУАН Е ПЕТТА НАЈАКТИВНА ТРАНСАКЦИСКА ВАЛУТА ВО СВЕТОТ: Глобалниот статус на Јуан продолжува да расте

Кои се најголемите извозници на струја од Македонија?

КРИЗАТА СТАСА И ВО ЏЕБОВИТЕ НА ЕВРОПЕЈЦИТЕ: Половина од нив стравуваат дека нема да можат да си ги платат сметките
