Куштрим Рамадани, потпреседателот на Регулаторна си поднесе оставка: Добива ли ново директорско место?
Објавено во: Економија 26 Ноември, 2020
Куштрим Рамадани, потпретседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги поднел оставка од функцијата. Оставката е депонирана во Собранието.
Рамадани го прекинува вториот петгодишен мандат како член на Регулаторната комисија, откако бил избран во јуни 2018 година. Во оставката не се наведени причините зошто е поднесена.
Во јавноста се шпекулираше дека Рамадани е предлог на ДУИ за директор во МЕПСО.
Фото ТВ21