21 Мај, 2025
0.0351

ЛА НИЊА ЛЕТО ПРЕД НАС: Ни следуваат суперќелиски бури и поплави

Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски ја објави првата прогноза за летните месеци. Според она што тој го пишува, ова лето ќе биде бурно, односно ќе имаме многу чести временски непогоди, а нема да изостанат ниту пеколните горештини кои според првичните прогнози ќе бидат помали.

Факт е дека Климатолошкиот феномен Ла Ниња ќе ни биде присутна  во текот на летните месеци, односно, до самиот крај од оваа 2025 година. Изминатите неколку лета сме сведоци на се почести временски непогоди и поплави во регионот, но и во Македонија секако. За жал, истите се, се посилни а неретко има  и жртви за време на временските непогоди.

Што се однесува до летото 2025 година, однсоно, летото кое ни претстои, тоа ќе помине во знакот на температурно гледано околу просекот, односно типични температури за летниот период, иако, се можни сосема мали исклучоци, односно, сосема мало позитивно отстапување на температурите, поточно, летото оваа година може да биде потопло само за 0.5 степени, што не е ништо особено значително.

Секако и покрај ова, нормално е дека треба да очекуваме поголеми, но краткотрајни топлотни бранови, но се на се, многу се мали условите оваа 2025 година да имаме екстремно топло лето, судејќи на најновите излези на прогностичките материјали.

Што се однесува до врнежите, во нашиот дел од Европа очекуваме чести врнежи и временски непогоди ова лето. Поголеми се условите и за развој на Суперќелијски облаци, временски непогоди кои може да условат поголеми поплавувања.

Според она што може да се види на прогнсотичките материјали, најмногу врнежи ова лето може да очекуваме во нашата Македонија, но и во соседните земји, сепак, во соседните земји условите за временски непогоди се нешто помали, но тоа не значи дека и нема да ги има, почести временски непогоди се очекуваат во поголем дел од Балканскиот Полуостров“, напиша тој.

Метеоаларм

Фото: 192рс/Илустрација


Можеби ќе ве интересира

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

НЕМА ВЕЌЕ ЧЕКАЊЕ СО СААТИ НА ЕВЗОНИ: Грција итно надградуваат, ќе се забрза преминувањето на границата

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„ДОГОВОРОТ СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДОАЃА КАКО УТЕШНА НАГРАДА“: Величковски за договорот за партнерство

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада

„РЕШИВ ДА НЕ ЛЕГИТИМИРАН ЦИРКУС“: Фетаи вели остануваат во Влада

„ТРЕБА И ОТКАЗИ ДА ИСФРЧАТ ИСТО ТАКА“: Д-р Лазаров вели, потребен ни е само шатл сервис за пациенти и персонал

„ТРЕБА И ОТКАЗИ ДА ИСФРЧАТ ИСТО ТАКА“: Д-р Лазаров вели, потребен ни е само шатл сервис за пациенти и персонал

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

НЕМА КАДЕ ДА НЕ ПРЕМИЕ ДОКТОРКАТА: Повреден од Кочани сведочи за состојбата во кочанската болница

ВО 2023 СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАЛО СУДИЈА НА АРТАН И ДУИ БЕЗ РАЗГЛЕДУВАЊЕ ДРУГИ НОМИНАЦИИ: Меџити открива скандалозен избор на судија

ВО 2023 СОБРАНИЕТО ИЗГЛАСАЛО СУДИЈА НА АРТАН И ДУИ БЕЗ РАЗГЛЕДУВАЊЕ ДРУГИ НОМИНАЦИИ: Меџити открива скандалозен избор на судија

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Постои можност да удри и град

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Постои можност да удри и град