20 Април, 2024
0.0387

Ла Верита повторно „пука“ кон Заев - имале докази за изборни нерегуларности

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Како наближуваат изборите, се засилуваат политичките напади кон ривалите, а тие доажаат од дома, но и од странство.

Италијанскиот весник Ла верита, кој важи за близок до екстремната десница во Италија и каде првично беа објавени снимните за аферата Рекет, денеска осамна со нов прилог, во кој објавува дека поседува информации од истрага за наводна вмешаност на експремиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во купување на гласови за време на изборите во 2014 година. 

„Ова е новиот скандал во кој е замешан Зоран Заев, омилениот премиер на ЕУ“, пишува Ларис Кајсер во денешниот број на Ла верита. 

„Имало ли договор меѓу Груевски, Заев и Могерини?“, прашува Ла Верита. За овој случај се водела некаква истрага во обвинителството во Скопје. Според весникот, имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности. Кајсер тврди дека за ова поседува материјали прибавени од примена на посебни истражни мерки, а доказите ги поседува и обвинителката Вилма Русковска.

Гајсер уште тврди дека до ова дошол по месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите. Затоа сега сметал дека може да продолжи со објавување во три дела документи во рацете на македонското обвинитлество, а кои инсинуирале дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.

„Тој за време на парламентарните избори во 2014година, како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев. Доказите за таквите измами ги добивме кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да почне судски процес против осомничените“, пишува Гајсер.

Овој новинар се смета за еден од поддржувачите на експремиерот Никола Груевски, кој во моментов е азилант во Унгарија.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители