19 Април, 2024
0.0255

Лабораторијата на Водовод и канализација е прва со стандардот ИСО 17025:2018

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Центарот за санитарна контрола изврши акредитирање на својата работа согласно стандардот ИСО 17025 кој го регулира лабораториското работење и земањето на примероци за анализа.

Лабораториите на Центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација - Скопје први во државата го акредитираа своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Акредитирањето беше спроведено од страна на комисија од Институтот за акредитација на Република Македонија како овластена институција.

Ова акредитирање беше извршено согласно новите критериуми што се дел од стандардот ИСО 17025:2018 и тоа за првпат во нашата држава со што станавме првата лабораторија за тестирање која ги исполнила и докажала пред надлежната комисија условите и критериумите предвидени со новиот стандард. Во исто време проширен е и обемот на акредитацијата со внесување на два нови параметрисо што го комплетираме прегледот на вода за пиење основен преглед - А, согласно новиот „Правилникза барања за безбедност и квалитет на водата за пиење„ бр.183/2018.

 - изјавиД-р Зоран Божиновски, Директор на центарот за санитарна контрола

Активноста беше изведена од тимот на Центарот за санитарна контрола кој беше претходно подготвен и соодветно едуциран што на крајот резултираше со успешно спроведена акредитација, преод кон новите критериуми на стандардот и проширување на обемот на акредитирано работење.Сите досега успешно спроведени активности на лабораторијата отвараат простор за идно проширување на обемот на акредитација со нови потребни параметри за следење на квалитетот на водата за пиење во дистрибутивниот систем на ниво на периодичен преглед - Б.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година