02 Март, 2021
0.0316

Лага е дека клексанот не е на позитивната листа на лекови - МЗ го демантира пратеникот Милошоки

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021

Министерството за здравство најостро ги демантира наводите на пратеникот на опозициската партија Антонио Милошоски објавени на социјалните мрежи дека - лекот Клексан не е на позитивната листа на лекови. 

„Жалиме што народниот избраник наместо одговорност кон своите избирачи, поддржувачи и воопшто граѓаните на Република Северна Македонија избрал да манипулира со нив“, пишуваат од Кабинетот на министерот Венко Филипче.

Нагласуваат дека клексанот е болнички лек. 

„Лага е дека лекот Клексан не е на позитивна листа лекови. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице, во присуство на лекар или медицинска сестра. Лекот Клексан може да се купи и од аптека со рецепта препишана само од специјалист, а потоа парите ФЗО РСМ ги рефундира.

Поради ковид пандемијата, зголемена е потрошувачката на Клексан насекаде во светот, така и кај нас и тоа за три пати повеќе од вообичаеното користење на оваа антикоагулантска терапија. Од таа причина со месеци наназад, компанијата која врши увоз на лекот резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму  каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Криза во смисла на недостаток на Клексан нема, туку зголемена потрошувачка. Освен Клексан постои и друга антикоагулантна терапија која е на позитивната болничка листа лекови и за истата ФЗО РСМ парите ги рефундира.

Клексан и Ксарелто се два различни лека, иако Милошоски од за него само познати причини ги пишува како еден лек“, велат од МЗ.

Што се однесува до набавката на вакцините, според нив, пратеникот Милошоски знае дека со оглед на глобалната побарувачка на вакцини против корона вирусот, сите земји во светот се соочуваат со недоволни количини вакцини за вакцинација на целата популација. 

„Но, свесно лаже и обвинува. Милошоски како поранешен министер за надоврешни работи и актуелен претседател на собраниската комисија за надворешна политика многу добро ги знае приликите и водењето преговори со земјите од ЕУ. Милошоски знае и е свесен дека единствена причина поради која нашата земја не доби помош од европските држави кои ветија вакцини за нас од дозите кои ќе ги набават за сопствените земји е поради недоволната испорака на вакцини и кај нив. Сепак и покрај овие факти пратеникот одлучи да шири лаги по социјалните мрежи и да ги доведува во заблуда граѓаните на штета на нивното здравје и правејќи штета на целокупниот здравствен систем.

Министерството останува посветено во менаџирање на ковид кризата и здравствениот систем во најдобар интерес на граѓаните“, децидни се од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира

Кој е градот со само еден активен случај на коронавирус?

Кој е градот со само еден активен случај на коронавирус?

Османи се пофали дека ќе има субвенционирање на правична застапеност во приватни компании

Османи се пофали дека ќе има субвенционирање на правична застапеност во приватни компании

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го претстави планот за борба против корупција, а за попишувањето има забелешки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го претстави планот за борба против корупција, а за попишувањето има забелешки

Георгиевски признава дека отсекогаш кршел табуа и предлозите ги дал за да одиме напред

Георгиевски признава дека отсекогаш кршел табуа и предлозите ги дал за да одиме напред

Oбвинителството бара притвор за уште тројца демонстранти кои протестираа за „Монструм“

Oбвинителството бара притвор за уште тројца демонстранти кои протестираа за „Монструм“

За 24 часа регистрирани се 368 оздравени од коронавирусот

За 24 часа регистрирани се 368 оздравени од коронавирусот

Направени се 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на коронавирус

Направени се 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на коронавирус

По смртта на татко и: Синадиновска му се заблагодари на Ахмети за поддршката

По смртта на татко и: Синадиновска му се заблагодари на Ахмети за поддршката

Пендаровски реагираше до Радев за мешањето во внатрешните работи на Македонија

Пендаровски реагираше до Радев за мешањето во внатрешните работи на Македонија