ЛАГАРД: ЕЦБ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ ЗГОЛЕМУВА КАМАТИТЕ, иако тоа ќе го ослаби растот

Објавено во: Финансии 28 Септември, 2022
Европската централна банка (ЕЦБ) мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки за да ја скроти инфлацијата, дури и ако споредниот ефект од заострувањето на монетарната политика биде послаб раст, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.
- Инфлацијата треба да се врати на 2,0 отсто на среден рок и за таа цел ќе го направиме она што треба, а тоа е да продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки на следните неколку состаноци - рече Лагард на конференцијата, додавајќи дека тоа врз економијата може да направи многу повеќе штета, но дополни дека ако ЕЦБ не го стори тоа ќе бидат погодени граѓаните, ренесува Ројтерс.
Таа додаде дека „прва цел“ во однос на зголемувањето на каматните стапки ќе биде постигнување неутрална стапка, која ниту го стимулира ниту го забавува економскиот раст.
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард порача дека треба да се даде силен сигнал дека нема да дозволат влошување на инфлаторните очекувања.
На состанокот организиран од Атлантскиот совет во Франкфурт, Германија, таа зборуваше за проблемот со зголемената инфлација во европските земји.
Како што рече таа, дури и ако резултатот од построгата монетарна политика би бил послаб раст, „треба да продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во текот на следните неколку состаноци за да ја спречиме високата инфлација“.
Таа нагласи дека неуспехот на ЕЦБ да ја исполни задачата за одржување на ценовната стабилност ќе предизвика многу поголема штета на економијата.
Во еврозоната годишната инфлација во август достигна рекордни 9,1 отсто, поттикната од растот на цените на енергијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

ВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИНАНСИИ И ОРГАНИТЕ ШТО РАБОТАТ ПОВРЗАНО СО БУЏЕТОТ: До одлуката, нема да земаат покачена плата од 30 отсто
