Лани имало два пати повеќе напади во Европа
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2018
Два пати повеќе напади имало во Европа во 2017 година во споредба со 2016 година.
За сметка на тоа нападите предизвикале скоро двапати помалку жртви, информираше денеска европската полициска служба Европол.
Во Европа лани се регистрирани 33 напади, идентификувани како терористички. Во таа статистика Европол ги вклучува како извршените, така и неуспешните и осуетените напади.
Во 10 терористички напади во Европа во 2017 година, загинаа 62 лица. Во 2016 година на континентот се извршени 13 терористички напади, а во 10 од нив загинаа вкупно 135 лица.
Агенцијата предупредува за опасноста од такви напади, за кои одговорноста ја презема Исламска држава, и како пример го посочува нападите со автомобили во пешаци или нападите со нож на случајни минувачи.
Лани при два такви напади во Лондон загинаа 13 лица, а 98 лица беа повредени.
Извршителите на џихадистичките напади извршени во Европа минатата година беа главно локални жители. Тоа значи дека тие биле радикализирани во земјата во која живееле без да патуваат во странство за да се приклучат на терористичка група.
Во извештајот на Европол се наведува дека Исламската држава, Ал Каеда и другите џихадистички групи и понатаму претставуваат голема закана и имаат намера и капацитет да извршат терористички напади на Запад.