29 Март, 2024
0.0254

Лани потрошено повеќе за изградба на патишта, но со голем пораст на задолженоста

Објавено во: Економија 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

За градење на магистрални и регионални делници, минатата година јавното претпријатие „Државни патишта“ потрошило 8,53 милијарди денари, што е 139 милиони евра. Тоа е подобар резултат од една година претходно - во 2020, кога биле потрошени 125 милиони евра, покажува независниот ревизорски извештај, во делот на „набавка на недвижности, постројки и опрема“. Рекордна година беше 2019 кога преку јавното претпријатие, под чија надлежност се клучните магистрали, се потрошиле највисоки досега 206 милиони евра.

Сепак треба да се каже дека расте и процентот на задолженост на јавното претпријатие во однос на приходите кои може да ги собере. Зголемен е од 69 отсто во 2020 на 76 отсто во 2021. Новите задолжувања лани изнесуваат околу 7,5 милијарди денари, или нови 122 милиони евра. Задолжувањето една година претходно било многу помало -  90 милиони евра.

„Во 2021 претпријатието бележи намалување на добивката за 68 проценти во однос на претходната година што главно се должи на трошоците од финансирање (негативни курсни разлики) за 251 отсто во однос на претходната година. Приходите од надоместоци бележат зголемување од 20 проценти што се должи на зголемувањето на надоместоци за употреба на автопати (зголемени за 37 отсто во однос на претходната година). Воедно вкупните средства се зголемени за 7 проценти и друштвото бележи позитивни ликвидносни показатели“, заклучува ревизорот.

Вкупните приходи на „Државни патишта“ изнесуваат 146,8 милиони евра и година завршена со добивка од 24 милиони евра. Инаку над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10. Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, најмногу поради ставање во функција на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?