22 Мај, 2018
0.3203
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

Лансиран првиот македонски агрегатор на идеи за јадење – misejade.mk

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2017

Од денес официјално е лансиран сервисот misejade.mk кој има за цел да ви помогне да го одберете идеалениот оброк. 

Што јадеше денес? Веројатно истото што го јадеше пред 3 дена. Кога работиме и треба да смислиме што да јадеме идеите ни се ограничени на она што сме го јадеме до сега или она што ќе го предложи некој колега, само затоа што на тоа ни текнува прво и ни е сигурниот избор. Па така, веројатноста да се повторуваме со истиот оброк на три дена е мнооогу голема.

Две девојки и двајца момци од дигиталната индустрија, кои ја имаа истава мака, одлучија да ги променат нештата. Креираа агрегатор со кој ќе си помогнат најпрво себе, а потоа и на другите гладни и мрзливи (да зготват нешто) фраери/ки.

Запознајте се соmisejade.mk. Не се работи за сервис за испорака на храна, но ќе ти даде идеја што да јадеш или да ти пратат по точак/такси. Не е адресар на ресторани, ама затоа е адресар на оброци, кои по некоја случајност се приготвуваат во ресторани, кафани или сомнителни трафики. Нема online плаќање или нарачување. Misejade.mk е тука за да ти даде идеја, а не да ти земе пари.
Паметниот алгоритам, користејќи ја твојата локација ќе ти понуди избор на многубројни оброци кои се наоѓаат во твојата околина, а си ги превидел (само затоа што буташ бурек со јогурт, секој ден, од едно те исто место).

Филтрите за категории, на кои сме научени до сега, ги заменивме со харизматични ликови и докажани гурмани како баба Љуба, Марио ФитПере Ждере, Анка Вегетаријанка итн. Сите ликови се грубо базирани на вистински личности, секој од нив експерт во својата област. Така на пример, Анка Вегетаријанка ќе ти ги понуди сите вегетаријански оброци кои се наоѓаат во твоја близина и се моментално достапни.” – Владимир Василевски, еден од основачите на misejade.mk

Во моментов misejade.mk прикажува точно 2913 оброци од 49 угостителски објекти. Оваа бројка секојдневно расте и ќе продолжи се додека не се мапираат сите можни опции. Помагајте браќа и сестри, заедно да ги откриеме сите можни места за јадење. Препорачај неоткриено место на овој линк.

Прикажаните оброци се од угостители кои во моментот на пребарување се отворени. Ова значи дека доколку отворите misejade.mk во 4 часот наутро, ќе знаете точно што и од каде можете да јадете. Кул, кул, кул! :)

И тоа не е се! Нешто како во познатите ТопШоп реклами, еве што добивате ако читате уште 10 секунди:
– Има или нема достава на одбраниот оброк? Misejade.mk ти ги прикажува само оброците кои се во твоја близина или вршат достава до твојата локација.
– Паметна адреса, која со само 1 клик и помош од Google Maps ќе те упати кон локацијата на посакуваниот оброкот.
– Целосни менија, разглобени по категории, со инфомации за секој оброк и детали за локалот. Зумирањето на Facebook слики од менија веќе е минато.
– Можност да го оцениш оброкот по вкус и исплатливост, со што им помагаш и на следните корисници.

Во мометов misejade.mk содржи само локали кои се наоѓаат во Скопје. Доколку сакате да прикажуваме оброци и во останатите градови, слободно предложете ни ресторани кои ги има во вашиот град. #целадае

Можеби ќе ве интересира

VELUX EHF FINAL4 Cashback Програма: возбудливи моменти за љубителите на ракометот

VELUX EHF FINAL4 Cashback Програма: возбудливи моменти за љубителите на ракометот

Олег Телној ја презема функцијата генерален директор на рудникот САСА

Олег Телној ја презема функцијата генерален директор на рудникот САСА

Технологијата го нагласува новиот Volkswagen Touareg – Лесно управување кое ги штити луѓето и животните кога се вози во мрак

Технологијата го нагласува новиот Volkswagen Touareg – Лесно управување кое ги штити луѓето и животните кога се вози во мрак

Зошто Андреас Елснер заминува од позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком ?

Зошто Андреас Елснер заминува од позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком ?

Витаминка се претстави на најголемиот саем во Азија, СИАЛ во Шангај

Витаминка се претстави на најголемиот саем во Азија, СИАЛ во Шангај

Тркалезна маса „Анализа на потребите за градење на капацитети на претприемачите“

Тркалезна маса „Анализа на потребите за градење на капацитети на претприемачите“

(ГАЛЕРИЈА) Отвореното општество во Македонија e исправено пред бројни предизвици кои треба да ги надмине

(ГАЛЕРИЈА) Отвореното општество во Македонија e исправено пред бројни предизвици кои треба да ги надмине

Вози Право Вози Здраво 4 - Ревијална Трка

Вози Право Вози Здраво 4 - Ревијална Трка

Поради дефект без вода овие улици во Скопје

Поради дефект без вода овие улици во Скопје