19 Февруари, 2019
0.3123
    ALK 8399.04    0.8%     GRNT 819.84    1.13%     KMB 5511.54    1.71%     MKSD 200    1.89%     MPOL 378.85    1.57%     MPT 51376.33    -0.05%     MTUR 5110.78    0.21%     OHB 6719.33    0.29%     RZUS 105    7.14%     SBT 2412.53    3.16%     STB 1252.62    0.27%     STIL 125.5    2.87%     TEL 314.49    1.23%     TKVS 5250    -0.09%     TNB 15495.99    1.28%     TTK 1380    0%     UNI 2239.38    0.87%     ZILU 251.3    2.15%

Лансирана мобилна апликација за бизнис можности „ИноБиз“

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2019

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ ја изработи бесплатната мобилна апликација „ИноБиз“ која има за цел да им помогне на македонските компании да пронајдат странски партнери за бизнис соработка, трансфер на технологии и учество во проекти за истражување и развој.

Компаниите преку мобилната апликација ќе бидат во тек со сите случувања во областа на иновациите и технолошкиот развој, ќе добиваат известувања за отворени повици за финансирање, барања од странски компании за соработка како и можности за учество на конференции и настани за вмрежување. Покрај тоа, апликацијата содржи и ресурсен центар кој ќе им понуди на компаниите корисни содржини за подигнување на нивните капацитети за иновации како и можност за проценка на степенот на технолошка подготвеност преку прашалникот за технолошки аудит.

Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ е финансиран од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (ПСМ) во партнерство со МИР Фондација и АРК Фонд од Бугарија и има за цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

Мобилната апликација е достапна за Android и iPhone мобилни телефони и може да се симне од следниве линкови:

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.innomsp.eumk(Android)

ttps://itunes.apple.com/us/app/inno-msp-mk/id1439369459?mt=8 (iPhone)

Можеби ќе ве интересира

Еве каде утре ќе има прекин

Еве каде утре ќе има прекин

Покривот на ГТЦ ќе зазелени

Покривот на ГТЦ ќе зазелени

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство

ФООМ го поздравува процесот на финализирање на предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

ФООМ го поздравува процесот на финализирање на предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и на Кеш кредитот „Лесен кеш кредит“

Охридска банка Сосиете Женерал воведува промотивни услови на станбениот кредит „3+2“ и на Кеш кредитот „Лесен кеш кредит“

Уличен дефект на неколку скопски улици

Уличен дефект на неколку скопски улици

Ford Focus – избран за автомобил на годината и во Македонија

Ford Focus – избран за автомобил на годината и во Македонија

Бонус до 400% во „Sport Life“!

Бонус до 400% во „Sport Life“!

Посетете го СИМА 2019 - саемот за земјоделие кој ги соборува сите рекорди

Посетете го СИМА 2019 - саемот за земјоделие кој ги соборува сите рекорди