19 Април, 2024
0.0507

ЛАВИНА ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Дали македонскиот гласач е политички зрел да препознае што е остварливо?

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во текот на кампањата гласачите се „бомбардирани“ со  ветувања од потенцијалните градски татковци.  Ветувањата се различни, од повеќе сфери, почнувајќи од животна средина, економија, па се до реализирање на капитални проекти за кои е неопходна поголема финансиска поддршка. Се ветува и отворање на нови работни места.

Кандидатите ветуваат грижа за младите, но има и такви  кои најавија дека ќе пружат помош и поддршка на постарите лица кои се принудени да живеат сами.  Се ветува ефикасно и транспарентно работење во интерес на граѓаните, но дали сите ветувања кои се содржани во програмите се во целост остварливи и реални?

„Делумно да, иако најголем дел од ветувањата се во рамки на она што ја засега локалната заедница како што се на пример подобрување на постоечката инфраструкура, пристап, улици, културно-спортски живот и слично. Сепак чуда, барем за мене лично ми делуваат оние ветувања како што се зголемување на субвенции, повиско плати, зголемување на вработеноста и слично. Што се однесува конкретно за вработеноста, лично сметам дека локалните власти имаат ограничена моќ да сторат нешто повеќе околу тоа.Сметам дека фер е кон гласачите да се дадат реални и остварливи ветувања. Сепак се работи за 2017 година кога македонскиот гласач е доволно политички зрел и совесен да расудува и оценува што е остварливо, а што не.Привлекувањето на странски и домашни инвестиции во најголем дел се концентрирани во централната власт. Се разбира локалната самоуправа може да помогне со лоцирање земјиште и делумно ослободување на некои давачки, но општините имаат премногу предизвици и проблеми од локален карактер како што се редовно и квалитетно водоснабдување, добра патна инфраструктура, јавен превоз, квалитет на воздух и слично, па така по изборот на одреден кандидат или кандидатка за градоначалник ова природно се наметнува како приоритет. Програмите за локален економски развој се исто така добра основа, но не сум сигурен дека некоја од општините може да се пофали со висок степен на исполетост тукму поради тоа што го наведов погоре“ – вели Златко Симоновски, истражувач и проектен координатор во Центарот за истражување и креирање политики.

Симоновски смета дека ќе треба многу напор, енергија и инвестиции за на крајот од следниот мандат оние кои сега трчаат за градоначалник да може да се пофалат дека исполниле сè. 

„За мене се спектакуларни ветувањата дека на пример Скопје за четири години ќе дише чист воздух, или пак дека ќе се изгради тролејбуска линија. Исто така треба да се наведе дека дел од ветувањата се во надлежност на централната власт, па претпоставувам дека има некое „тајно партнерство“ помеѓу  кандидатите и централната власт, како и опозициската ВМРО ДПМНЕ дел од работите да бидат завршени токму од Владата за на крај тоа да се препише како заслуга на градоначалникот. Сметам дека овие избори граѓаните многу малку беа вклучени во изработката на партиските програми за тоа што ќе се прави во иднина, а наместо тоа беа „активирани во полн погон“ партиските штабови, месни комитети. И тоа е добро, но сепак најдобрите идеи може да се чујат од мнозинството граѓани и оние кои немаат баш непосредно и постојано учество во партиските дејности“ – додава Симоновски.

Голем дел од кандидатите за градоначалници веќе управувале со општини, а сега се борат за втор или трет мандат.

На полноќ завршува кампањата за локалните избори, со што стапува на сила предизборниот молк,  а веќе в недела граѓаните ќе гласаат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите