Лавров порача дека продолжува обединувањето на руските земји кое почна во 2014 година
Објавено во: Свет 03 Октомври, 2022
Според рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, приклучувањето на Народната република Доњецк и Луганск, како и на регионите Запорожје и Херсон кон Руската Федерација е логично продолжување на повторното обединување на руските земји што започна во 2014 година.
Руската Дума денеска ги ратификуваше договорите за присоединување на четири украински територии кон Русија.
Лавров вели дека САД го користат Западот за да ја претворат Украина во инструмент за борба против Русија, бидејќи Адолф Хитлер некогаш ги мобилизираше европските земји да го нападнат Советскиот Сојуз, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека „исто како и тогаш, сегашните планови не се предодредени да се остварат“ и вели дека претседателот Владимир Путин тоа јасно го кажал за време на неговиот говор во Кремљ.
Но, Западот не ги прифаќа овие референдуми, а Украина со контраофанзива врати дел од своите територии, го ослободи Лиман, а сега украинските војници напредуваат кон Херсон.