Лавров предупредува дека може да има нов бран бегалци во Европа
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, повторно го предупреди Западот против воена акција во Сирија велејќи дека тоа ќе создаде до нов бран бегалци во Европа.
„Ниту нам, ниту на европските соседи тоа нѐ ни треба"- изјави Лавров.
Во меѓувреме по барање на Русија Советот за безбедност на ОН закажа итен состанок поради „закана за меѓународниот мир" од можните воздушни напади врз Сирија од САД и сојузниците. До состанокот доаѓа додека западните земји ја разгледуваат воената акција како одговор на сомневање за хемиски напад во кој загинаа десетици цивили во градот Дума.
„Не дај боже да се направи нешто авантуристички во Сирија по либиското и ирачкото искуство”- вели Лавров.
Вели дека Русија и САД ги користат своите канали за комуникација за Сирија.
Тој се сомнева во тврдењата на Велика Британија дека извештајот на ОПЦВ за труење со Солсбери ја потврдува анализата на инцидентот. Вели, ова е „преценето“ толкување на извештајот на ОПЦВ.
Русија има илјадници војници и воени советници во Сирија, десетици авиони во воздухопловната база Хмеимим во провинцијата Латакија и 10 до 15 воени бродови на Средоземното Море покрај брегот на Блискиот Исток.