Лавров: Путин уште го чека доказот од Макрон за хемиско оружје
Објавено во: Свет 15 Април, 2018
Русија започна дипломатска офанзива со цел да ги дискредитира нападите кои САД ги изврши над Сирија со помош на сојузниците Франција и Велика Британија. Кај рускиот претседател Владимир Путин постои разочараност што и натаму не го добил наводниот несоборлив доказ кој францискиот претседател Макрон тврдел дека го има.
„Францускиот претседател Емануел Макрон одби на својот руски колега Владимир Путин да му даде разузнавачки податоци кои ја докажуваат наводната вина на Дамаск за инцидентот во сирискиот град Дума“, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
Маркон со доказот тврдеше дека нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума наводно бил извршен по наредбата на претседателот Башр ал Асад при што загинаа најмалку 50 цивили, од кои повеќето деца и жени.