17 Февруари, 2020
0.0287

ЛАЖНА ВЕСТ Е ДЕКА ГРУЕВСКИ БИЛ УАПСЕН - Правда го демантира српскиот политичар

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019

Министерството за правда демантира дека Груевски бил уапсен во Будимпешта, тврди дека тоа се целосни невистини.

„Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски - уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено. Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство. Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски“, соопштија од Министерството за правда.

Ова следува откако партијата на Јове Кекеновски, ФРОДЕМ, побара информација за овој случај. Ова следуваше откако пред три дена на една од српските телевизии (Тв Српски колектив – национална јутјуб телевизија) претседателот на Републиканската партија на Србија, г-дин Никола Сандуловиќ, изнесе информација дека „Груевски е уапсен во Унгарија, а дека премиерот Заев нема храброст да побара негова екстрадиција“.

„ФРОДЕМ јавно го прашува премиерот дали оваа информација е точна и доколку е точна зошто Министерството за правда односно министерката Дескоска досега не побарала негово испорачување? Второ, доколку информацијата не е точна премиерот Заев има обврска оваа вест енергично да ја демантира бидејќи истата внесува немир и се поголема недоверба кај граѓаните во институциите на системот и сомнеж дека власта свесно не сака да го врати бегалецот од Будимпешта“, пишува ФРОДЕМ и додава дека сакаат да го потсетат премиерот Заев, дека Никола Сануловиќ е сериозен политичар кој бил во највисокото раководство на Демократската партија на Србија и близок соработник на убиениот премиер Џинџиќ, кој сигурно нема да си дозволи јавно да говори и да изнесува информации кои не се сигурни и претходно проверени. Дополнително, истиот тој Сандуловиќ заедно со претседателот на Републиканската партија на Косово Фатон Курти се едни од најголемите лобисти кај меѓународната заедница Зоран Заев да стане премиер на Република Македонија.

„Јавноста мора да дознае дали оваа информацијата е точна или не, бидејќи се работи за интерес на нашата држава осудените и пребегани политичари да бидат вратени, да си ја отслужат казната и да одговараат за другите дела за кои се обвинети. Второ, јавноста мора да знае што е точно, а што не, бидејќи на тој начин ќе се потврдат или демантираат сите гласини или евентуални шпекулации за наводниот договор помеѓу власта и Груевски за неговото бегство во Будимпешта. За надлежните органи кои го истражуваа бегството и кои за жал се под директна контрола на власта досега никој не е виновен и никој нема да сноси одговорност. Овие теледиригирани обвинители и истражители сигурно дека не смеат да ја откријат вистината бидејќи таа не и одговара и на власта и на опозицијата чиј лидер во сенка е бегалецот Груевски. Но, едно е јасно и сигурно. Бегството не можело да се случи доколку не постоело триото Груевски – Вучиќ – Орбан со знаење и соработка на нашите високи политички и полициски власти. Премиере Заев јавноста чека одговор од Вас“, напишаа од Фродем.

Пред една година Груевски успеа да избега во Будимпешта, каде доби статус на азилант.

(Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

Неколку лица се заканувале на вработените на скопска клиника

Неколку лица се заканувале на вработените на скопска клиника

ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ЈА НЕМА - мистеријата продолжува, по Марија уште се трага

ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ЈА НЕМА - мистеријата продолжува, по Марија уште се трага

120.000 евра народни пари за џез и за музика од светот: Министерството за култура ја објави годишната програма

120.000 евра народни пари за џез и за музика од светот: Министерството за култура ја објави годишната програма

Анкета на Рејтинг - 32 на 27: Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

Анкета на Рејтинг - 32 на 27: Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

ГО СЛЕДЕЛЕ ТАЈНИ АГЕНТИ И ГО СНИМИЛЕ КАКО ОДИ КАЈ ЈАНЕВА - каде се движел Боки 13

ГО СЛЕДЕЛЕ ТАЈНИ АГЕНТИ И ГО СНИМИЛЕ КАКО ОДИ КАЈ ЈАНЕВА - каде се движел Боки 13

Мицкоски: Ги прифаќам и двата ТВ-дуели со Заев

Мицкоски: Ги прифаќам и двата ТВ-дуели со Заев

ШТО ПОБАРАА ПЕНЗИОНЕРИТЕ - и повисоки пензии, ама и стабилен систем

ШТО ПОБАРАА ПЕНЗИОНЕРИТЕ - и повисоки пензии, ама и стабилен систем

Трупот пронајден на Шар Планина, не е на планинар, туку на залутан Сириец

Трупот пронајден на Шар Планина, не е на планинар, туку на залутан Сириец

(ФОТО) РЕТКИ И АТРАКТИВНИ: Африкански пингвини ќе се шетаат низ Скопската зоолошка градина

(ФОТО) РЕТКИ И АТРАКТИВНИ: Африкански пингвини ќе се шетаат низ Скопската зоолошка градина